Уште една болница експресно изградена и отворена во кинескиот град Вухан поради смртоносниот коронавирус кој усмрти над 360 луѓе, а зарази повеќе од 17.000. Хонгконг најави ново затворање на границата, а Русија ги прекинува сообраќајните врски со Кина.
-
Свет 03.02.2020 12:32
-
Свет 03.02.2020 12:17
Палестински Висок национален одбор против планот на САД
Палестинските власти формираат Висок национален составен од политички и национални групи во и надвор од Палестина, со цел да се спротивстават на американскиот план за Блискиот Исток. Според нив, предлогот на Вашингтон ги поништува сите човекови, правни, морални вредности и стандарди.
-
Свет 03.02.2020 11:12
Сирија: Турски војници загинаа во гранатирање од владините сили
Четворица турски војници се убиени,а деветмина ранети во гранатирањето на силите на сириската влада во северозападниот регион Идлиб.
-
Свет 03.02.2020 10:36
Ирак: Демонстрации против новиот мандатар за владата
Антивладини демонстранти во Ирак против номинацијата на Мохамед Алави за мандатар за состав на новата ирачка Влада.
-
Свет 03.02.2020 10:14
Вухан: Нова болница за заразени со Коронавирусот
Уште една болница се гради во кинескиот град Вухан поради смртоносниот Коронавирус. Околу 11 милиони жители на оваа област не смеат да го напуштат регионот.
Властите ги блокира речиси сите патни, железнички и воздушни конекции во рамките на превентивните мерки.
-
Свет 29.01.2020 13:19
Контрадикторни ставови за планот на Трамп
Палестинците го отфрлија мировниот план на Трамп, којшто американскиот претседател го нарече историски со шанса за прв пат да се создаде Палестинска држава. Во Серија протести тие повикаа на единство во осудата.
-
Свет 29.01.2020 11:28
Џинпинг уверен дека Кина може да се справи со епидемијата
Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус, на која соопшти дека во моментов Кинезите сериозно се борат со епидемијата.
-
Свет 29.01.2020 10:55
„Бритиш Ервејз“ ги прекина сите летови кон и од Кина
„Бритиш Ервејз“ ги прекина сите директни летови до и од континентална Кина, откако здравствените власти на Велика Британија предупредија за опасноста од епидемијата на Коронавирус.
-
Свет 29.01.2020 10:02
Коронавирусот стигна во 20 земји низ светот
Од последиците на новиот коронавирус во Кина до сега починале 132 лица, а заболени се над 6.000. Надвор од Кина се забележани 70 случаи на заболени, од кои најмалку петмина во САД, десетици има во Канада, Европа, Северна Америка, Азија и Австралија.
-
Свет 28.01.2020 13:18
Удвоен бројот на заразени од Коронавирусот
Над 100 починати од Коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан. Властите тврдат дека само за еден ден се удвоил бројот на заразени. Повеќето од жртвите се повозрасни луѓе или кои веќе имале компликации со дишните патишта. Од болничко лекување се пуштени 60 луѓе.






