• Свет 29.11.2018 10:49

    Порошенко: Путин ја сака цела Украина

    Украинскиот претседател Порошенко го обвини неговиот руски колега владимир Путин дека сака ја возобнови старата Руска империја и поради тоа да ја припои цела Украина кон Русија.

  • Свет 28.11.2018 14:41

    Путин: Ова е резултат на украинска провокација

    Рускиот претседател Путин се огласи по повод судирот во Керченскиот теснец. Истакна дека конфликтот меѓу руските и украинските бродови се случил поради провокација од Украина.

  • Свет 28.11.2018 14:24

    Австралија: Поплави и пожари на источното крајбрежје

    Тинејџер загина во сообраќајна несреќа од невремето во Сиднеј. Двајца полицајци се хоспитализирани поради повреди кога дрво паднало врз нив додека им помагале на цивилите, а 11 луѓе се спасени од возила што биле поплавени на патиштата. 500 граѓани побарале помош и од околните региони.

  • Свет 28.11.2018 12:47

    Порошенко: Можна е тотална војна со Русија

    Украинскиот претседател, Петро Порошенко изјави дека Русија драстично го зголемила своето воено присуство на границата. Тој тврди оти на неговата земја и се заканува тотална војна со Москва.

  • Свет 28.11.2018 11:54

    Протести за Г-20 во Аргентина

    Илјадници луѓе се собраа на спортски стадион во Буенос Аирес на протести против самитот на Г-20 и против претседателот Маурисио Макри, кој склучи договор вреден 57 милијарди долари со ММФ во септември за да се справи со економската криза во земјата.

  • Свет 28.11.2018 10:58

    Жртви и повредени во невреме во Сиднеј

    Тинејџер загина во сообраќајна несреќа од невремето во Сиднеј. Двајца полицајци се хоспитализирани поради повреди кога дрво паднало врз нив додека им помагале на цивилите, а 11 луѓе се спасени од возила што биле поплавени на патиштата. 500 граѓани побарале помош и од околните региони.

  • Свет 28.11.2018 10:53

    Растат тензиите на Крим

    Медиумите повикувајќи се на изјави на руското Министерство за одбрана пишуваат дека Русија наскоро ќе распореди противвоздушни ракетни системи С-400 на Кримскиот Полуостров.

  • Свет 27.11.2018 14:45

    Србите од Косово се повлекуваат од функциите

    Челниците на Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечане поднесоа оставки од функциите поради како што велат, прекршување на човековите и економските права на Србите.

  • Свет 27.11.2018 13:48

    САД: Снежно невреме на средниот запад

    Отежнат сообраќај и стотици откажани летови поради снежната бура во подрачја на американскиот среден запад. Лизгавите патишта го пролонгираа патувањето на многумина по викендот за Денот на благодарноста.

  • Свет 27.11.2018 13:15

    Грција: 24- часовен штрајк на новинарите

    Во Грција 24- часовен штрајк на новинарите. Бараат потпишување колективни договори, достоинствени плати и пензии, враќање на бонусите и мерки за справување со невработеноста.

Pages