Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон идната недела оди во Москва за да го организира евентуалниот состанок на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.
-
Свет 22.06.2018 11:18
-
Свет 22.06.2018 10:56
ЕУ воведе царини за американски производи
Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиум стапија во сила.
Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Според официјален извор, унилатералната и неоправдана одлука на САД не им остава друг избор.
-
Свет 22.06.2018 10:24
Постигнат договор за грчкиот долг
Министрите за финансии на Eврoзоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма. Ќе ѝ доделат 15 милијарди евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.
-
Свет 21.06.2018 14:33
Турција воведува соодветни царини за американски стоки
Турција воведува увозни царини за повеќе од 20 американски производи како одговор на американските царини за челик и алуминиум. Се тарифира увоз на хартија, јаглен, бадеми, тутун, автообили, козметика и производи од многу други индустрии.
-
Свет 21.06.2018 13:11
САД: Семејствата на мигрантите повеќе нема да бидат разделени
Политичката битка за децата мигранти кои беа одделени од родителите и носени во посебен притвор се префрла во американскиот Конгрес, откако претседателот Доналд Трамп потпиша уредба за прекин на таа практика.
-
Свет 21.06.2018 12:44
Парламентот го усвои планот на Тереза Меј за Брегзит
Горниот дом на британскиот Парламент го усвои нацрт-законот на премиерката Тереза Меј за Брегзит. Со ова се става крај на повеќемесечната дебата, и се отвора патот за формален крај на членството на земјава во ЕУ.
-
Свет 21.06.2018 10:58
Аргентина доби кредит од 50 милијарди долари
Директоратот на Меѓународниот монетарен фонд и одобри тригодишен кредит на Аргентина во висина од 50 милијарди долари.
-
Свет 21.06.2018 10:39
Горниот дом го усвои планот на Меј за Брегзит
Горниот дом на британскиот Парламент го усвои предлог-законот на премиерката Тереза Меј за Брегзит, со што е завршена повеќемесечната парламентарна дебата за законот со кој формално ќе заврши членството на Велика Британија во Европска унија.
-
Свет 21.06.2018 10:27
Матис: Пентагон ќе одговори на барањето за сместување на мигрантите
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Пентагон ќе одговори ако е потребно при смествување на мигрантите приведени при илегално преминување на американско- мексиканската граница.
-
Свет 20.06.2018 12:35
САД се повелече, Русија поднесе кандидатура за членство во Советот за човекови права
Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021-ва и 2023-та година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело.










