По четврти пат, Долниот дом на германскиот Парламент ја реизбра лидерката на Демохристијаните, Ангела Меркел за Канцелар на Германија, по четврти пат.
-
Свет 14.03.2018 12:15
-
Свет 14.03.2018 11:00
Москва: Заканите на Лондон нема да останат без одговор
Заканите на Велика Британија за санкции против Русија поради труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал нема да останат без одговор, изјави руското Министерство за надворешни работи.
Русија ги утврди обвинувањата на Лондон како лажни и ги нарече провокација.
-
Свет 14.03.2018 10:39
Почина светски познатиот физичар, Стивен Хокинг
Светски познатиот физичар Стивен Хокинг почина на 76 годишна возраст. Британецот, познат по своето дело за црните дупки и релативитетот починал мирно во својот дом во Кембриџ.
-
Свет 14.03.2018 10:16
Тилерсон го напушта Стејт Департментот на 31-ви март
Неколку часа по добиениот отказ од Белата куќа, државниот секретар во заминување Рекс Тилерсон одржа прес-конференција во Вашингтон, најавувајќи дека официјално ја напушта функцијата на 31-ви март, а дотогаш на негово место ќе биде неговиот заменик Џон Саливан.
-
Свет 13.03.2018 15:57
Несогласувања во Белата куќа: Трамп го отпушти Тилерсон
Крај на мандатот на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Поради несогласувањата со претседателот Доналд Трамп, тој е сменет и на негово место доаѓа директорот на ЦИА, Мајк Помпео. На местото на Помпео пак ќе биде поставена неговата досегашна заменичка, Џина Хаспел.
-
Свет 13.03.2018 15:22
Трамп го отпушти државниот секретар Тилерсон
Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место доаѓа шефот на ЦИА, Мајк Помпео.
-
Свет 13.03.2018 12:58
Повик за предвремени избори по министерските оставки
Владата на премиерот Роберт Фицо е пред колапс откако неговиот помал коалициски партнер побара предвремени избори поради политичката криза предизвикана од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак.
-
Свет 13.03.2018 12:51
Меј: Москва да се изјасни до крајот на денот
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Москва мора до крајот на денот да објасни зошто нервниот агенс од руско производство бил употребен за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
-
Свет 13.03.2018 11:55
Тилерсон: Труењето на рускиот шпион доаѓа од Русија
Според американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија е дело на Русија, за кое ќе следува одговор. Потенцираше дека руската Влада можеби не знаела за инцидентот, но отровот сигурно потекнувал од таа земја.
-
Свет 13.03.2018 11:13
Метис во ненајавена посета на Авганистан
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Метис е во ненајавена посета на Авганистан, на средба со претседателот Ашраф Гани и американскиот генерал Џон Николсон.










