• Свет 15.02.2018 14:05

    Самарас: Тужба против Ципрас за случајот „Новартис“

    Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, поднесе тужба против актуелниот претседател на Владата на Грција, Алексис Ципрас, поради вмешаноста на неговото име во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“.

  • Свет 15.02.2018 13:05

    Масакр во училиште на Флорида, убиени 17 лица

    Дваесетина луѓе се убиени во средно училиште во Паркленд, Флорида откако поранешен ученик кој бил отпишан од школото поради дисциплински прекрошоци, отворил оган кон пристуните. Со полуавтоматска пушка АР-15, 19-годишниот Николас Круз, усмрти 12 лица во објектот, меѓу кои има и ученици.

  • Свет 15.02.2018 11:21

    Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното право

    „Турција е должна во целост да го почитува меѓународното и европското право, во тие рамки и морското право и лозанскиот договор, кој не може ниту да се ревидира, ниту да се актуелизира“, изјави грчкиот престедател Прокопис Павлопулос.

  • Свет 15.02.2018 10:40

    Џејкоб Зума поднесе оставка

    Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума поднесе оставка поради притисокот од сопартијците и обвинувањата за корупција.

  • Свет 15.02.2018 10:15

    Масакр во училиште во Флорида

    Масакр во гимназија во Флорида, 17 луѓе се убиени од средношколец кој бил исфрлен од училиштето во Паркленд, поради недисциплина. Со автоматска пушка, 19- годишниот Николас Круз усмрти 12 лица во објектот, меѓу кои и соученици, а потоа уште неколкумина настрадаа и пред училиштето.

  • Свет 14.02.2018 16:37

    Пукотница пред седиштето на НСА во Мериленд

    Вооружен напаѓач отворил оган пред седиштето на американската Агенција за национална безбедност при што најмалку три лица биле ранети. БИ-БИ-СИ јавува дека едно лице е уапсено и дека ситуацијата е под контрола.

  • Свет 14.02.2018 15:28

    Ципрас и Јилдирим разговарале за кризата на Егејот

    Премиерите на Грција и на Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим телефонски разговарале за грчко- турската криза на Егејот, околу малите ненаселени острови каде што почнаа да се собираат бродови на крајбрежната стража на двете земји.

  • Свет 14.02.2018 13:49

    Турција: Антитерористичка операција вo Дијарбекир

    Властите во југоисточниот турски округ Дијарбекир воведоа полициски час во 176 реони, поради спроведување масовна антитерористичка операција.

  • Свет 14.02.2018 12:47

    Шулц поднесе оставка од СПД

    Лидерот на германските социјалдемократи Мартин Шулц поднесе оставка. Причината лежи во незадоволството на дел од сопартијците со постигнатиот договор со демохристијаните за широката коалициска влада.

  • Свет 14.02.2018 12:19

    Закана од нови кибернетички напади

    Директорот на националното разузнавање Ден Коатс предупреди постои опасност од нови кибернетички напади.

    „Хакерските групи употребуваат технологија која влијае врз поважните активности така што ова прашање треба да биде меѓу врвните приоритети“, додаде Коатс.

Pages