Северна Кореја ќе испрати репрезентација на Зимските олимписки игри идниот месец чиј домаќин е нејзиниот јужен сосед. Одлуката е донесена по првата средба меѓу претставниците на двете Кореји одржана во демилитаризираната зона.
-
Свет 09.01.2018 10:21
-
Свет 09.01.2018 08:16
Јункер предложи посредништво во решавање на спорот меѓу Словенија и Хрватска
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предложи посредништво меѓу Словенија и Хрватска, која ја отфрли одлуката на меѓународната арбитража и со тоа на Љубљана и се додели суверенитетот врз малиот Пирански залив во Јадранското Море.
-
Свет 05.01.2018 12:44
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за состојбата во Иран
Советот за безбедност на Обединети нации на барање на САД денеска одржува вонредна седница во знак на поддршка на антивладините протести на Иран. Земјите- членки се со поделени мислења за протестите во Иран, во кои загинаа најмалку 21 лице, а над 450 беа уапсени.
-
Свет 05.01.2018 12:05
Снегот во САД ја однесе првата жртва
Снежната бура во областа на источниот брег на САД ја зеде првата жртва. Едно лице загина во сообраќајна несреќа предизвикана од лошите временски услови на патиштата. Повеќе од 100.000 луѓе останаа без електрична енергија, а откажани се и околу 5.000 летови на аеродромите.
-
Свет 05.01.2018 11:59
Следната недела преговори меѓу Сеул и Пјонгјанг
Севернокорејските власти се согласија преговорите со Јужна Кореја да почнат на 9-ти јануари. Одговорот доаѓа откако Јужна Кореја побара продолжување на преговорите, кои треба да се одржат во демилитаризираната зона меѓу двете држави.
-
Свет 05.01.2018 10:54
Ердоган во посета на Франција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е во посета на Париз, каде што ќе има средба со шефот на француската држава Емануел Макрон.
-
Свет 05.01.2018 10:15
Вонредна седница на Советот за безбедност за состојбата во Иран
Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на САД ќе одржи вонредна седница во знак на поддршка на антивладините протести на Иран. Земјите- членки се со поделени мислења за протестите во Иран, во кои загинаа најмалу 21 лице, а над 450 беа уапсени.
-
Свет 04.01.2018 15:48
Иран ги обвини САД за мешање во внатрешните работи
Во писмо до Обедиентите нации, Иран ги обвини САД за мешање во внатрешните работи. „Вашингтон со безброј пораки на Твитер ги поттикна иранците на насилничко однесување, со што го прекрши меѓународното право“, се вели во документот.
-
Свет 04.01.2018 14:42
Невреме во Европа и САД
Тројца загинати во невремето во западна Европа. Двајца се удавиле во Шпанија откако биле однесени од голем бран. Третиот настрадал од паднато дрво на Алпите. Има и повредени. Еленор бесее. Штети во Германија, Франција, Белгија, Холандија, откако ги опустоши Англија и Северна Ирска.
-
Свет 04.01.2018 12:55
Трамп ја укина комисијата за истрага на измами на изборите
Американскиот претседател Доналд Трамп ја распушти комисијата којашто ги истражуваше тврдењата за можна измама на прекланските претседателски избори во САД.










