Министрите за финансии на 19-те земји што го користат еврото како национална валута, во Брисел го избираат следниот претседател на Еврогрупата.
Во трката се министрите за финансии на Португалија, Луксембург, Летонија, и на Словачка.
Министрите за финансии на 19-те земји што го користат еврото како национална валута, во Брисел го избираат следниот претседател на Еврогрупата.
Во трката се министрите за финансии на Португалија, Луксембург, Летонија, и на Словачка.
Белгискиот суд решава за екстардиција на претседателот на разрешената каталонска влада, Карлес Пуџдемон и за уште четворица членови на регионалниот кабинет.
Јужна Кореја и САД ги почнаа досега најголемите воени вежби во кои ќе симулираат различни сценарија, вклучувајќи и напади врз замислени цели, идентични со севернокорејските објекти каде што се претпоставува дека има нуклеарно оружје.
Лидерот на Венецуела најави формирање на нова виртуелна валута поради економската криза во земјата, предизвикана првенствено од падот на цената на нафатата на светските берзи, но и драстичното намалување на вредноста на постојната валута „боливар“.
Цената на криптовалутата биткоин денеска достигна историски рекордна вредност од 11.800 долари.
Вредноста на биткоинот, кој се појави во 2009 година, од почетокот на годината се зголеми за десетпати.
По состанокот што го свика германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, Христијанско- демократската унија на Ангела Меркел и Социјал-демократската партија на Мартин Шулц почнаа преговори за формирање голема коалиција за да се спречат нови избори и да се обезбеди нова стабилна влада на европск
Десетици лица се повредени во земјотресот од шест рихтери во југоисточен Иран. Предизвикана е и материјална штета. Епицентарот бил 58 километри североисточно од градот Керман, на длабочина од 10 километри.
„Движење за промена“ е новата формација создадена од социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами.
Целта на алијансата е обединување на централната левица во Парламентот и промена на сегашната статус кво ситуација, доминирана од партиите СИРИЗА и Нова демократија.
Аргентинската морнарица ја прекина потрагата по исчезната подморница и 44-члениот екипаж. Портпаролот енрике балби смета дека и покрај вложените напори е невозможно да се лоцира пловниот објект.
Турскиот Парламент отфрли предлог на опозицијата да се спроведе истрага за наводите дека членови на семејството на претседателот Реџеп Таип Ердоган избегнувале плаќање данок и префрлале милиони долари на офшор компании.