Претседателот на Европска комисија, Жан Клод Јункер изјави дека е потребно да се случи чудо за да се постигне доволен напредок до крајот на октомври во преговорите на Европска унија со Велика Британија.
-
Свет 29.09.2017 15:14
-
Свет 29.09.2017 12:41
Индија: Најмалку 22 жртви во стампедо на железничка станица во Мумбај
Најмалку 22 лица загинале, а 30 биле повредени во стампедо на железничка станица во финансискиот центар на индискиот град Мумбај. Според очевидците, стампедото се случило откако неколку жени се лизнале на скалите од мостот, што било предизвикано од обилните дождови што го зафатија овој крај.
-
Свет 29.09.2017 12:08
МААЕ: Северна Кореја постигна брз напредок во изработката на оружје
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукијо Амано изјави во Сеул дека шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја, спроведен на 3-ти септември, покажува дека изолираната земја постигнала брз напредок во изработката на оружје.
-
Свет 29.09.2017 11:39
САД: Почести контроли на Иранската нуклеарна програма
САД побараа од Меѓународната агенција за атомска енергија да ги засили инспекциите во Иран, за да се утврди дали Исламската република го спроведува договорот потпишан во 2015-та година за суспензија на својата нуклеарна програма.
-
Свет 29.09.2017 10:59
Мексико: Билансот на жртвите од земјотресот достигна 344 лица
Во силниот земјотрес што на 19-ти септември го погоди Мексико, загинале најмалку 344 лица.
Спасувачките екипи сѐ уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.
Претседателот Енрике Пења Нието соопшти дека штетите од земјотресот може да достигнат до две милијарди долари.
-
Свет 29.09.2017 10:27
Ал Шабаб нападна сомалиска воена база
Исламистичката група Ал Шабаб изутрината нападна воена база во близина на главниот сомалиски град Могадишу.
Напаѓачите убиле 17 војници и ја презеле контролата врз базата во близина на соседното село.
-
Свет 28.09.2017 14:43
Над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата
Севернокорејските државни медиуми објавија дека над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата, во текот на актуелните тензии со САД.
-
Свет 28.09.2017 13:27
Турција ќе ги зголеми трошоците за војската
Според новиот нацрт-закон, во план е зголемување за трошоците за одбраната за 2,2 милијарди долари со цел да се модернизира војската на Турција.
-
Свет 28.09.2017 12:46
Путин во посета на Анкара
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе претстојува во официјална посета на Анкара, при што ќе оствари средба со неговиот турски колега Ердоган. Ќе разговараат за глобалните и регионалните прашања, како и за подобрување на односите меѓу двете земји.
-
Свет 28.09.2017 12:10
Вануату: Евакуација поради опасност од ерупција на вулкан
Се евакуира населението на островската држава Вануату поради опасност од ерупција на вулканот Манаро кој се активираше пред неколку денови.










