Жена и дете починале од последици на труење со храна, а стотици биле затруени во ирачки камп за раселени лица во близина на Мосул.
По вчерашната вечера во кампот Казир, се затруле 752 лица. А најмалку 300 од нив се во критична здравствена состојба.
Жена и дете починале од последици на труење со храна, а стотици биле затруени во ирачки камп за раселени лица во близина на Мосул.
По вчерашната вечера во кампот Казир, се затруле 752 лица. А најмалку 300 од нив се во критична здравствена состојба.
Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис изјави дека Северна Кореја претставува најургентна закана за меѓународниот мир и безбедност.
Неколку лица се повредени, вклучувајќи и полицајка, во пукотници во метро во Минхен. Нападот се случил откако 37-годишен азилант и го грабнал пиштолот на офицерката за време на рутинска контрола на станицата и почнал да пука кон неа и случајните минувачи.
Американските сенатори постигнаа договор за законодавството, со кое се воведуваат нови санкции кон Русија, во кое е вклучена е одредбата, со која Белата Куќа се спречува да ги ублажи, суспендира или укине санкциите без одобрение на Конгресот.
Според „Дејли Телеграф“, министри во британската Влада водат тајни разговори со пратеници на опозициската Лабуристичка партија за обезбедување меѓупартиска поддршка за поедноставен процес за Брегзит.
Со молотови коктели, демонстрантите во Каракас ја запалија зградата на Врховниот суд, еден од главните инструменти на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во борбата против опозицијата, која има мнозинство во Парламентот по изборите во 2015 година.
Според „Вашингтон пост“, државните обвинители на американската држава Мериленд и главниот град Вашингтон планираат да поднесат тужба против претседателот на САД Доналд Трамп, поради непочитување на антикорупциските уставни одредби, примајќи милиони долари од странски влади.
Две лица се со сериозни изгореници, а 10-тина се полесно повредени откако биле фрлени молотови коктели во ресторан во Париз.
Меѓу повредените се и 6-мина полицајци кои помагале при евакуацијата на луѓето. Мотивот за нападот е непознат.
Со 32,3% од гласовите, и проекција која и дава помеѓу 400 и 455 пратеници (289 апсолутно мнозинство од 579 пратенички места), партијата создадена од претседателот Емануел Макрон „Републиката во движење!“ , вчера стана на најсилна политичка партија во Франција.
Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, кого Србија го обвинува за воени злосторства во конфликтот во 90-тите години на минатиот век, освои најголем број гласови на предвремените парламентарни избори.