Хамас предаде останки на уште двајца израелски заложници кои веќе се идентификувани, но соопшти дека во моментов не е во можност да ги врати сите тела. Групата бара време и опрема за пронаоѓање на преостанатите.
-
Свет 16.10.2025 14:01
-
Свет 16.10.2025 13:27
Францускиот премиер Лекорни ја суспендира пензиска реформа
Француската пензиска реформа ќе биде суспендирана до изборите во 2027, а дебатата и гласањето ќе се одржат во ноември. Целта е враќање на довербата меѓу социјалните партнери.
Реформата предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Свет 16.10.2025 11:29
Ситуацијата на авганистанско-пакистанската граница останува тензична
Ситуацијата на авганистанско-пакистанската граница останува тензична и покрај постигнатото 48 часовно примирје по неколкудневните жестоки судири со десетици жртви. Клучните гранични премини сè уште се затворени.
-
Свет 16.10.2025 10:44
Трамп дозволи тајни операции на ЦИА во Венецуела
Американскиот претседател Трамп дозволи тајни операции на ЦИА во Венецуела и не исклучува ни копнената интервенција. Од Каракас со реакција.
-
Свет 16.10.2025 10:35
Масовни руски напади, Киев возвраќа
Руски ракети паднаа врз украинските градови во масовен утрински напад. Повторно на удар енергетската инфраструктура, овојпат во Полтава. Киев возвраќа – опожарена трафостаница во Волгоградската област.
-
Свет 16.10.2025 10:26
Хамас предаде тела на уште двајца израелски заложници
Хамас предаде тела на уште двајца израелски заложници, но за останатите 19 му треба повеќе време и опрема.
-
Свет 16.10.2025 09:17
Руски ракети нападнаа украински градови во масовен утрински напад
Руски ракети ги напаѓаат украинските градови во масовен утрински напад, Киев возвраќа-гори трафостаница во Волгоградската област.
-
Свет 15.10.2025 20:34
Министерски состанок на НАТО и ЕУ за Украина
Русија, европските одбранбени капацитети и поддршката за Украина – главни теми на состанокот на министрите за одбрана на НАТО и ЕУ во Брисел. Сојузниците обединети, и покрај руските обиди за поделба.
-
Свет 15.10.2025 15:04
Војната во Украина и руската закана, високо на агендата на состанокот на министрите за одбрана во Брисел
Заканата од Русија, воените трошоци, европските одбранбени капацитети и поддршката за Украина, теми на состанокот на Министрите за одбрана на НАТО и ЕУ во Брисел. Сојузниците соработуваат, и покрај руските обиди за поделба, став на генералниот секретар Руте.
-
Свет 15.10.2025 14:28
Трамп сака да ги врати починатите заложници од Газа, го предупреди Хамас да се разоружат
Израелската војска соопшти дека синоќа од Црвениот крст ги презела телата на уште четири убиени заложници. Претседателот Трамп изјави дека сака да ги врати починатите заложници од Газа и го предупреди Хамас да се разоружат.










