Во последните воздушни напади на турските вооружени сили врз цели на Исламска држава во Сирија се убиени најмалку 27 џихадисти. Нападите биле извршени во неколку области во северните делови на земјата од позиции покрај граничниот турски град Килис.
-
Свет 16.05.2016 13:42
-
Свет 16.05.2016 11:04
Во Колумбија запленети рекордни осум тони кокаин
Колумбиската армија соопшти дека силите за безбедност на Колумбија конфискувале осум тони кокаин во северозападните делови на земјата, што е најголема заплена на нелегални супстанци во историјата на јужноамериканската држава.
-
Свет 16.05.2016 10:46
Мировна конференција за Сирија и Либија во Виена
Шефовите на дипломатиите на повеќе од 20 земји денеска и утре во Виена ќе разговараат за начините за решавање на кризите во Сирија и Либија, како и за конфликтот во Нагорно Карабах.
-
Свет 16.05.2016 09:59
Советот за безбедност ќе одржи седница за Косово
Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, на која ќе се разгледува извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун за работата на УНМИК и ситуацијата на Косово во изминатите три месеци.
-
Свет 16.05.2016 09:54
Четворица повредени во експлозија во Истанбул
Најмалку четири лица биле повредени доцна синоќа при експлозија во Истанбул. Според медиумите, експлозивната направа била поставена на автомобил паркиран на надвозник во истанбулската област Малтепе.
-
Свет 13.05.2016 15:27
Бегалска криза: Мигрантите преку Египет и Либија стингнуваат до италијанските острови
Се пренасочуваат патеките на илегалната миграција. Сѐ повеќе актуелна рутата од Египет и Либија до италијанските острови, оддалечени 350 километри од Северно-африканскиот брег.
-
Свет 13.05.2016 12:48
Масовни протести во Бразил против суспендирањето на Русеф
Темор вети подобра иднина, излез од рецесијата, политичко помирување, но демонстранти од Сао Паоло не веруваат во неговите зборови. Тешка политичка криза го тресе Бразил.
-
Свет 13.05.2016 11:41
Командант на Хезболах убиен во Дамаск
Еден од командантите на Хезболах е убиен во Дамаск, Сирија, информираше милитантната организација во Либан.
Мустафа Бедредин загина по големата експлозија во близина на аеродромот во Дамаск, а според неофицијални извори, неговото ликвидирање се поврзува со нападот на Израел.
-
Свет 13.05.2016 10:32
Масовни протести во Бразил по отповикувањето на претседателката Русеф
Откако бразилскиот Сенат изгласа отповикување на претседателката Русеф, и откако беше најавено формирање на нова влада, на улиците на Сао Паоло и на Рио се одржуваат масовни протести.
-
Свет 13.05.2016 10:19
Образование во САД: Младите се стимулираат за избор на научни студии
Соединетите Американски Држави го губат приматот во светот за научни откритија и за иновации. Затоа приоритет на компаниите и на државните институции е да се стимулираат младите да изберат студирање на наука, технологија, инжинерство и математика.










