Украинскиот одговор на мировниот предлог на САД е доставен до Вашингтон. Додека се обликуваат контурите на потенцијалниот договор, Трамп посочи дека наскоро може да се најде решение. Откри дека европските сојузници во телефонскиот разговор му предложиле викенд-состанок со Зеленски.
-
Свет 11.12.2025 17:14
-
Свет 11.12.2025 14:40
Падна Владата на Бугарија
Падна бугарската Влада, кабинетот на Жељасков поднесе оставка по несогласувањата околу буџетот и бранот масовни протести што земјата ја тресат со недели. Жељазков ја поднесе оставката уште пред парламентот да гласа за недоверба на Владата, гласање кое беше неуспешно.
-
Свет 11.12.2025 12:32
Граѓанското незадоволство ја тресе бугарската влада
Бугарија ја тресат масовни протести. Десетици илјадни луѓе во Софија и други градови низ земјата излегоа на улица за да бараат оставка од владата, обвинувајќи ја за корупција.
-
Свет 11.12.2025 11:54
Продолжуваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа
Продолжуваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа. Властите во Бангкок јавуваат за погодени куќи во пограничната покраина Сурин, но не и за жртви.
-
Свет 11.12.2025 11:12
Доставен украинскиот одговор на предложениот мировен план од САД
Украинскиот одговор на мировниот предлог на САД е доставен до Вашингтон. Додека се обликуваат контурите на потенцијалниот договор, Трамп посочи дека наскоро може да се најде решение. Откри дека европските сојузници во телефонскиот разговор му предложиле викенд-состанок со Зеленски.
-
Свет 11.12.2025 10:41
Најави за рекордни дождови во Вашингтон
Рекордни поплави му се закануваат на Вашингтон, по најавите за уште пообилни дождови во северозападниот дел од земјата додека нивото на реките засилено расте.
Гувернерот Фергусон прогласи вонредна состојба. Жителите се подготвуваат за евакуација.
-
Свет 11.12.2025 09:45
Европа и САД ги пеглаат разликите околу мировниот предлог на Трамп
Европа и САД ги пеглаат разликите околу мировниот предлог на Трамп за завршување на војната во Украина. Франција, Германија и Велика Британија на телефонска линија со Вашингтон. Трамп откри дека европските сојузници му предложиле викенд-состанок со Зеленски.
-
Свет 11.12.2025 09:01
Нови тензии меѓу Вашингтон и Каракас - САД заплени танкер за нафта крај брегот на Венецуела
Нови тензии меѓу Вашингтон и Каракас, откако американската крајбрежна стража заплени танкер за нафта во близина на брегот на Венецуела. Белата куќа со став дека заплената била оправдана, додека Каракас ја осуди како „кражба“ и „меѓународно пиратство“.
-
Свет 11.12.2025 08:52
Масовни протести на улиците на Софија и десетици други градови – се бара оставка на владата
Нови масовни протести низ Бугарија. Илјадници луѓе во Софија и десетици други градови низ земјата бараат оставка од Владата, обвинувајќи ја за корупција.
-
Свет 10.12.2025 20:22
Во Конгресот на САД е поднесен предлог-закон за повлекување од НАТО
Во Конгресот на САД е поднесен предлог-закон за повлекување од НАТО, наречен „Закон за недоверливата организација“.










