• Свет 05.12.2025 11:01

    Продолжуваат преговорите меѓу САД и Украина за крај на војната

    Украина ги продолжува разговорите со САД. Се разјаснуваат деталите од состанокот во Русија за да се координираат следните чекори за постигнување праведен мир-изјави Зеленски, нагласувајќи дека тој е можен само под услов на вистинска безбедност за Украина.

  • Свет 05.12.2025 10:29

    САД се подготвуваат за втора фаза од мировниот план за Газа

    САД планираат во следните две недели да ја започнат втората фаза од мировниот план за Газа, со ново управување и меѓународни сили. Почетокот зависи од разоружувањето на Хамас, кој прифаќа технократска влада, но не и целосно разоружување.

  • Свет 05.12.2025 09:38

    Зеленски: Бараме информации за состанокот со Путин

    Украинската делегација ги продолжува преговорите во САД за да ги разјасни деталите од состанокот во Русија и да ги координира натамошните чекори за постигнување праведен мир-изјави претседателот Зеленски.

  • Свет 05.12.2025 08:38

    Продолжува протестот на земјоделците во Грција

    Земјоделците ширум Грција ги интензивираат протестите, проширувајќи ги блокадите со стотици трактори поради високите трошоци, доцнењето на субвенциите и недоволната државна поддршка.

  • Свет 04.12.2025 18:47

    Бугарија се подготвува за нови демонстрации

    По масовните протести во Софија, Бугарија се подготвува за нови демонстрации. Младите и опозицијата бараат оставки и политички промени. Протестите започнаа минатата недела како реакција на предложениот државен буџет за 2026 година, кој предвидува зголемени даноци и придонеси.

  • Свет 04.12.2025 17:44

    Нова рунда преговори САД-Украина во Флорида

    САД и Украина повторно на маса во Флорида. По средбата со Путин во Москва, специјалниот претставник Виткоф ги продолжува разговорите со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами. Во фокусот – ревидираниот мировен план и територијалните прашања во обид да се оконча војната.

  • Свет 04.12.2025 11:21

    Венецуела распореди воени сили ширум земјата

    Венецуела распореди војска ширум земјата како одговор на заканите од САД. Претседателот Мадуро изјави дека се подготвени да го бранат суверенитетот и достоинството, давајќи предност на мирот.

  • Свет 04.12.2025 10:53

    Нови прекршувања на примирјето во Газа

    Израелските воздушни сили нападнаа позиции на Хамас во Газа, по ранувањето на пет израелски војници од оперативци на групата кои излегле од тунел во Рафах.

    Израел тврди дека Хамас го прекршил примирјето, додека милитантите ги осудуваат нападите.

  • Свет 04.12.2025 09:34

    Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Кина

    Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

    Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.

  • Свет 04.12.2025 09:25

    САД и Украина повторно на маса за крај на војната

    САД и Украина повторно на маса во Флорида. По средбата со Путин во Москва, американскиот специјален претставник Виткоф ги продолжува разговорите со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами. Во фокусот – ревидираниот мировен план и територијалните прашања во обид да се оконча војната.

Pages