Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала синоќа ја погоди Грција, соопшти американскиот Геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала синоќа ја погоди Грција, соопшти американскиот Геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Во напад на синагога во Западен Ерусалим загинаа најмалку четворица еврејски верници, а десетина се повредени откако двајца палестински напаѓачи упаднаа на молитвата наоружени со секири, ножеви и пиштоли, соопштија израелските власти.
Илјадници главно млади Чеси му дадоа црвен картон на претседателот Земан на одбележувањето на 25-годишнината од кадифената револуција. Додека говореше, телохранителите со чадори го штитеа од толпата која гаѓаше со јајца и наместо него, го погоди германскиот претседател Јоаким Гаук.
Германија го потврдува партнерството со Србија со посетата на вицеканцеларот Зигмар Габриел во Белград. Освен најавата на голем број германски инвестиции, тој нагласи дека одлуката за Европската Унија не е одлука против Москва.
Министрите за надворешни од Европската Унија се согласија за санкции против проруски сепаратисти, но не и против Русија, по жестоките борби околу Доњецк во кои загинаа 9-мина Украинци.
Европската Комисија ги усвои мерките за заштита од ширење на птичјиот грип кои веке ги презеде Холандија - држава во која се потврди постоењето на патогениот вирус. Портпаролот Енрико Бравио упати на изјавата што ја даде на пладневната прес конференција.
Јапонската економија, трета по големина во светот, е повторно во рецесија, откако неочекувано се намали втор последоватолен квартал.
Втор смртен случај од ебола во САД. Во болница во Небраска почина хирург кој се зарази лекувајќи заразени во Сиера Леоне. 44-годишниот д-р Мартин Салиа беше донесен во САД во многу полоша состојба од претходните пациенти, на носилка, неспособен да дише самостојно.
Хрватската министерка за надворешни го предупреди Брисел дека ослободувањето на Шешељ од Меѓународниот суд на правдата предизвикува влошување на ситуацијата во Југоисточна Европа.