Ноќта на вештерките има корени од келтската традиција и друидите, ноќ кога се верува дека се појавуваат духовите, вештерките и вампирите.
-
Свет 31.10.2014 10:27
-
Свет 30.10.2014 19:39
Прогласена вонредна состојба во Буркина Фасо
Претседателот на Буркина Фасо Блез Компаоре прогласи вонредна состојба и ја распушти владата за да им стави крај на масовните протести против обидот да си го продолжи владеењето со промена на уставот. Земјата е во оган, почнува, како што ја нарекуваат, црна пролет.
-
Свет 30.10.2014 19:11
Хрватските бранители ги доставија барањата и ги напуштија разговорите
Хрватските ветерани кои речиси две недели протестираат пред парламентот, ги доставија своите барања и ги напуштија разговорите. Одбиваат да седнат на маса додека не си поднесе оставка министерот на бранителите.
-
Свет 30.10.2014 18:44
Израел воведе блокада на „Ридот на храмовите“ во Ерусалим
Израел го затвори „Ридот на храмовите“ во Ерусалим и за Евреите и за муслиманите. Тоа е објава на војна, порача палестинскиот претседател Абас. На светото место беше убиен еврејски активист, по што полицијата застрела осомничен Палестинец.
-
Свет 30.10.2014 18:40
За 24 часа убиени 7 украински војници
7 украински војници се убиени во изминатите 24 часа на истокот од земјата. Расте притисокот врз примирјето од 5-ти септември пред локалните избори в недела, што ги организираа сепаратистите, а Киев ги прогласи за незаконски.
-
Свет 30.10.2014 18:37
„Црна пролет“ во Буркина Фасо
Буркина Фасо во оган, почнува, како што ја викаат, црна пролет. Војската стрелаше во толпата што ги запали парламентот, штабот на владејачката партија, државната телевизија, куќи на пратеници. Затворен е главниот аеродром.
-
Свет 30.10.2014 13:34
Дроновите може да станат алатка на терористите!
Њујоршката полиција стравува дека дроновите, со последните иновации во технологијата, може да станат алатка на терористите.
-
Свет 30.10.2014 12:23
Украина и Русија не се договорија за гасот
Нема договор меѓу Украина и Русија за гасот. На трилатералната средба во Брисел која траеше до раните утрински часови се дискутираше за главниот спор, за финансиска поддршка на ЕУ за Украина, за да може Нафтогас да исплати дел од долгот на Гаспром.
-
Свет 30.10.2014 12:21
Ебола во САД: Медицинската сестра во карантин се заканува дека ќе се жали на суд
Медицинската сестра Кејси Хикокс која е ставена во карантин под сомнение дека има ебола и покрај негативните тестови по враќањето од Западна Африка постави ултиматум, да ја пуштат денес или оди на суд.
-
Свет 30.10.2014 12:05
Засилување против ИДИЛ: Конвој ирачки курди пристигна на турската граница
Под будното око на турската полиција конвој ирачки курди пристигна во комплексот на турската граница каде што ќе се подготват да влезат во Сирија и да помогнат во справување со опсадата на Исламска држава.










