-
Свет 21.10.2014 10:53
ЕУ не попушта, санкциите кон Русија продолжуваат
Шефовите на дипломатиите од ЕУ зазедоа единствен став дека нема попуштање или укинување на санкциите против Русија. -
Свет 21.10.2014 10:49
Челникот на француски „Тотал“ загина во авионска несреќа во Москва
Претседателот на францускиот нафтен гигант „Тотал“ Кристоф де Мажери загина при полетување со неговиот приватен авион од московскиот аеродром Внуково.
-
Свет 21.10.2014 10:42
Бандиќ целосно ги отфрла обвинувањата, денеска е пред истражен судија
По втора ноќ помината во притвор, загрепскиот градоначалник треба да излезе пред истражен судија. Тој ќе одлучи дали ќе остане во истражен затвор и ќе се покрене истрага, или ќе го пушти на слобода.
-
Свет 20.10.2014 19:40
По апсењето на Бандиќ, хрватската полиција продолжува со акцијата „Аграм“
Во Загреб надлежните државни институции продожија и денеска со операцијата Аграм, што е поврзана со апсењето на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ и неговите 19-те најблиски соработници обвинети за голем стопански криминал. Истражителите извршија претрес и во градската управа на Загреб.
-
Свет 20.10.2014 16:40
Украина, Русија и Сирија главни теми на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ
Средба на шефовите на дипломатиите на 28 те членки на ЕУ во Луксембург. Состојбата во Украина, санкциите кон Русија и состојбата во Сирија, се главни теми на разговорите.
-
Свет 20.10.2014 16:29
Голема експлозија во фабрика во Доњецк
Голема експлозија во фабрика за преработка на гума во Доњецк, предизвикана од проектил. Од експлозијата е направена материјална штета, нема податоци за жртви, но ударот бил почуствуван во радиус од неколку километри и предизвикал паника кај жителите.
-
Свет 20.10.2014 16:02
Една победа против еболата – Нигерија се симнува од листата на загрозени земји
Извојувана е една победа во борбата против еболата. Нигерија се симнува од листата на загрозени земји. Светската здравствена организација потврди дека шест недели не се појавил нов случај, иако постоеше голема опасност од бран заразени бегалци преку границата.
-
Свет 20.10.2014 14:32
СЗО прогласи крај на еболата во Нигерија
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи денеска крај на епидемијата на ебола во Нигерија, по истекот на период од 42 дена без нови случаи на заболување од овој вирус.
-
Свет 20.10.2014 13:40
Две јапонски министерки поднесоа оставки
Две министерки од јапонската влада поднесоа оставки. Министерка за правда Мидори Мачушима се сомничи за прекршување на изборните правила. Министерката за трговија и индустрија Јуко Обучи е осомничена за злоупотреба на јавните фондови.
-
Свет 20.10.2014 12:32
Бурата „Труди“ во Мексико однесе шест жртви
Тропската бура „Труди“ што го зафати реонот Гереро во јужниот дел на Мексико однесе шест жртви. Причинета е голема материјална штета на автопатот што води кон Акапулко. 16 села останаа изолирани, а над две илјади луѓе се евакуирани.










