Шпанија ги повлече плановите за заострување на законот за абортус. Одлуката следи по повеќемесечните протести на женските групи и опозицијата. Премиерот Маријано Рахој образложи дека не бил постигнат консензус.
-
Свет 24.09.2014 11:27
-
Свет 24.09.2014 11:24
Еболата,Украина и заканите на ИДИЛ главни теми денеска на Генералното собрание на ОН
Повеќе од 140 шефови на држави и влади учествуваат на денешната дебата во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Главната тема се очекува да биде заканата од ширењето на ебола, руското мешање во кризата во Украина и заканите од Исламска држава.
-
Свет 23.09.2014 20:03
Австралиската полиција застрела момче кое се заканувало со атентат на премиерот Абот
Австралиските сили застрелаа момче кое му се заканувало со атентат на премиерот Тони Абот. По истрагата за тероризам, било повикано на распит во полициска станица. Дошло носејќи го знамето на Исламска држава и со нож ги нападнало полицајците.
-
Свет 23.09.2014 19:59
Светот гори, се водат 64 војни на четири континенти
Светот гори како никогаш до сега – на четири континенти се водат дури 64 војни. Мирно е само на два – Северна Америка и Австралија. Најопасни и најраспространети се верските судири, а по нив граѓанските војни.
-
Свет 23.09.2014 19:22
Зулег: Шкотскиот референдум нема да ги неутрализира движењата за независност во Европа
Резултатот од рефендумот предизвика лавина од национализам во земјата и ситуацијата нема вака да заврши за Шкотска, оценува во интервју за МТВ, Извршниот директор на Европскиот Политички Центар Фабиен Зулег.
-
Свет 23.09.2014 17:12
Тигар нападна и уби ученик во Њу Делхи
Бел тигар нападна и уби индиски ученик во зоолошка градина во Њу Делхи. Очевидци раскажуваат дека и покрај повеќе предупредувања, момчето се наведнало преку оградата и паднало, а тигарот го одвлекол и го убил.
-
Свет 23.09.2014 17:08
Падна првиот снег на Балканот
Првиот снег на Балканот е есенски. Студениот бран ги донесе првите снегулки на Копаоник во Србија, додека во другиот дел од земјата врне дожд.
-
Свет 23.09.2014 16:44
САД и сојузниците ги нападнаа позициите на ИДИЛ во Сирија
Дожд од челик на сирискиот фронт. САД и пет арапски земји сојузнички ги почнаа првите воздушни удари врз цели на Исламска Држава, соопшти американскиот контраадмирал Џон Кирби. Брзо по проширувањето на воената кампања од Ирак во Сирија, се обрати претседателот на САД Обама.
-
Свет 23.09.2014 11:51
СЗО: Повеќе од 20.000 луѓе ќе се заразат со Ебола ако не се преземат порадикални мерки
Повеќе од 20.000 луѓе ќе бидат заразаени од вирусот ебола доколку итно не се преземат порадикални мерки во Африка. Ако навреме не се реагира ќе има илјадници, а не стотици мртви, предупреди СЗО.
-
Свет 23.09.2014 11:37
Грчкиот јавен сектор повторно стапува во штрајк
Јавниот сектор на Грција стапува во 24 часовен штрајк поради намалувањето на работните места во државните институции. Поради штрајкот денеска државните болници ќе примаат само итни случаи.










