-
Свет 09.06.2014 10:50
Самарас ќе објави промени во владата, Венизелос останува министер за надворешни работи
Премиерот на Грција, Андонис Самарас, ќе ги објави промените во коалициската влада, меѓу кои ќе биде клучно менувањето на министерот за финансии, Јанис Стурнарас, којшто веројатно ќе биде назначен за гувернер на Централната банка на Грција. -
Свет 09.06.2014 10:47
Крвав напад на најголемиот аеродром во Карачи
13 луѓе загинаа во напад на меѓународниот аеродром во Карачи. -
Свет 09.06.2014 10:43
Тачи победи на изборите во Косово
Косовскиот премиер Хашим Тачи победи на предвремените парламентарни избори на Косово, но политичкото милје во земјата стана непрегледно. -
Свет 08.06.2014 17:58
Мирни избори на Косово
На Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори, први на целата територија, откако Белград го повика српското население да излезе и да гласа.
-
Свет 08.06.2014 17:56
Украинската војска го гранатираше Славјанск
Украинската војска го гранатираше центарот на Славјанск. За сега нема информации за загинати, но градот остана без струја, вода и отежнати телефонски комуникации. Користејќи го кусото примирје, жените и децата се евакуираа од Славјанск.
-
Свет 08.06.2014 17:54
Сао Пауло целосно блокиран три дена пред Мундијалот
Најголемиот град во Бразил, Сао Пауло, каде што за три дена почнува Мундијалот, е целосно блокиран од антивладините демонстранти. Третина од метрото е затворено, што доведе до создавање на колони автомобили долги и до 250 километри.
-
Свет 08.06.2014 12:01
Турција го гради најголемиот аеродром на светот
Во Истанбул вчера беше поставен камен-темелникот за изградба на третиот истанбулски аеродром, чија изградба ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, јави турската агенција Анадолија. -
Свет 07.06.2014 17:53
Хилари Клинтон не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на САД
Хилари Клинтон не ја исклучува можноста Америка да ја добие првата жена претседател во 2016 година.Ако се кандидира повторно, рече дека ќе го објави својот здравствен картон. Тоа е пракса за претседателски кандидати кога ќе влезат во последниот круг. -
Свет 07.06.2014 16:56
Порошенко вети единство и мир, но не го дава Крим!
Со раката на Библијата, петтиот постсоветски претседател на Украина, тајкунот Петро Порошенко положи заклетва пред парламентот. Неговиот инаугурациски говор беше пречекан со стоечки овации.
-
Свет 07.06.2014 16:49
Меркел: Земјите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за членство во ЕУ
Земјите од Западен Балкан имаат јасна перспектива да се приклучат кон Европската унија, но процесот ќе биде долг, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, јави ДПА.










