Русија која што обезбедува една третина од потребите на ЕУ за гас и нафта, предизвика најголема криза во односите со западот по студената војна, поради отцепувањето на полуостровот Крим од Украина.
-
Свет 22.04.2014 14:18
-
Свет 22.04.2014 13:54
80 % од германците се задоволни од актуелната состојба во својата земја
Најзадоволни се младите помеѓу 18 и 29 години и постарите од 59 години.Во овие групи задоволството од актуелната состојба во земјата е 85%. Ова се резултатите од истражувањето на Институтот Инфратест димап објавени во Дер Шпигел.
-
Свет 22.04.2014 13:36
Бајден: Украина има поддршка од САД
САД стојат зад Украина пред „понижувачките закани“, изјави во Киев американскиот потпретседател, Џо Бајден кој допатува за да спасува што може од Женевскиот договор.
-
Свет 22.04.2014 13:12
Рибар уловил ајкула тешка 363 килограми
Џон Полк од Флорида уловил ајкула долга 3,5 метри и тешка 363 килограми .
Ајкулата ја уловил во близина на Мексиканскиот Залив со помош на неговите братучеди. Точната локација ја чуваат во тајност.
-
Свет 22.04.2014 12:36
Почина политички затвореник со најдолго издржана казна
Почина Вин Тин, новинар од Бурма, кој како политички затвореник, издржал 19 години, што е најдолга затворска казна во оваа земја.
-
Свет 22.04.2014 11:43
Претседателски избори во Сирија во јуни
Во земјата која е разурната од граѓанската војна на 3 јуни ќе се одржат претседателски избори. Претседателот Асад сѐ уште официјално не ја најавил кандидатурата, но нема сомневање дека стреми кон нов седумгодишен мандат.
-
Свет 22.04.2014 10:06
Украина се подготвува за претседателски избори
Во Украина почна кампањата за претседателските избори, со претставување на кандидатите на националната телевизија.
-
Свет 22.04.2014 10:00
Денес е денот на Планетата Земја
Денес е денот на Планетата Земја. Обединетите Нации ќе се обидат да поттикнат милиони луѓе да создадат здрава природна средина со раззеленување на градовите во целиот свет.
-
Свет 22.04.2014 09:59
Папите Јован 23-ти и Јован Павле Втори, ќе бидат прогласени за светци
Двајца од омилените католички папи, Јован 23-ти и Јован Павле Втори, ќе бидат прогласени за светци на заедничка церемонија, прва во историјата. Јован Павле беше првиот неиталијански Папа во изминатите 455 години и прв од словенска земја.
-
Свет 22.04.2014 09:53
Бунтовниците од племето Нуер во Јужен Судан масакрираа над 200 цивили
Бунтовниците од племето Нуер во Јужен Судан масакрираа над 200 цивили бидејќи биле христијани. Крвопролевањето се случило во католичка црква во заземениот град Бентиу каде што биле засолнати и деца и жени.










