-
Свет 10.04.2014 09:24
Автомобил бомба експлодира пред Централната банка во Атина
Силна експлозија одекна изутринава пред зградата на Централната банка во Атина, јавија грчките медиуми. Бомбата експлодира по два предупредувачки телефонски јавувања дека автомобил со експлозив се наоѓа пред зградата на банката. -
Свет 09.04.2014 17:30
САД: Ученик со нож рани 20 соученици
Ученик вооружен со нож рани 20 соученици во Марисвил во американската држава Пенсилванија.
Според полицијата, момчето го почнало нападот кога учениците почнале да пристигнуваат во училиштето.
-
Свет 09.04.2014 14:08
Маневри на руската армија на Северниот пол
Руска воздухопловна ескадрила со падобрани слета на воени вежби на пловечка санта мраз близу до руската станица на Северниот Пол. Овие маневри во екстремни климатски ситуации се први во модерната историја на Русија.
-
Свет 09.04.2014 14:02
Оптимизам во потрагата по малезискиот боинг
Австралиски брод улови уште два можни пинга од исчезнатиот малезиски боинг. Претходно на истата локација во Индискиот океан беа забележани уште два сигнали, кои одговараат на авионските црни кутии.
-
Свет 09.04.2014 13:58
23 загинати во експлозија во Пакистан
Во експлозија на бомба во пакистанскиот град Равалпинди загинаа 23 луѓе. Бомбата била скриена во кутија со овошје и детонирана за време на најголемиот пазарен метеж. Целта не била војската, па не е јасна намерата, ниту пак некој презеде одговорност.
-
Свет 09.04.2014 13:55
Грчките синдикати стапија во 24-часовен штрајк
Грчките синдикати стапија во 24-часовен штрајк поради мерките за штедење и планираните отпуштања, пред доаѓањето на германската канцеларка Меркел во петок. Пореметен е сообраќајот, затворени се училиштата и болниците.
-
Свет 09.04.2014 13:11
Тензично во Украина
Во Украина се уште напнато. Проруските демонстранти остануваат на барикадите во владините згради во Луганск и Доњецк, иако во текот на ноќта им дозволиле на педесетина лица да ја напуштат зградата на Службата за безбедност без да биде употребено оружје.
-
Свет 09.04.2014 09:25
Ѓукановиќ: Да продолжи проширувањето на НАТО, за Балканот да не стане Украина!
Проширувањето на НАТО мора да продолжи бидејќи без стабилен Балкан нема да има стабилна Европа, изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Вашингтон.
-
Свет 08.04.2014 16:54
Расмусен: Последните случувања во Украина се повод за голема загриженост
Според генералниот секретар на НАТО, последните случувања во источниот дел од Украина се повод за голема загриженост. Тој побара од Русија да ја повлече војската од границата со Украина.
-
Свет 08.04.2014 14:07
Алармантна невработеност на младите во ЕУ
Ситуацијата со големиот број на невработени лица на возраст од 15 до 24 години претставува „губење на човечки ресурси и талент што Европа не може да си го дозволи“, изјави дека претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во говор пред Цен










