• Свет 30.12.2013 10:25

    Израел ослободи палестински затвореници

    26 палестински затвореници се префрлени во израелска воена база, од кадешто треба да бидат ослободени. Ова се толкува како уште еден гест на добра волја на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пресрет на новиот круг посреднички напори на државниот секретар на САД, Џон Кери.

  • Свет 30.12.2013 10:06

    Нов терористички напад во руски Волгоград

    Најмалку 19 лица загинаа, а 30-на се повредени во новиот терористички напад во Волгоград што се случи за само 24 часа  во овој руски град.

    повеќе ...
  • Свет 29.12.2013 18:05

    Се саморазнесе жена самоубиец во Русија

    Страотен терористички напад во Русија. Жена самоубиец активира експлозив на железничката станица во Волгоград. Десетици загинати и ранети е црниот биланс од експлозијата што одекнала пред влезните врати и првиот кат на зградата.

    teroristicki napad zena se samoraznese vo rusija
  • Свет 29.12.2013 13:20

    Терористички напад во Волгоград

    Бомбашки напад на железничка станица во градот Волгоград во јужниот дел на Русија. Најмалку 18 луѓе загинале а над педесет се повредени.  Нападот го извршила жена самоубиец, која ја активирала експлозивната направа во близина на влезот во станицата, соопшти рускиот комитет за антитероризам.

  • Свет 28.12.2013 17:12

    Во Србија продолжение на „Гром“

    Во синхронизирана и опсежна акција при претрес на повеќе од 1100 локации запленети се големо количество дрога, илегално оружје, експлозиви, возила и пари. Во Србија продолжение на широката акција за борба против илегална трговија на наркотици Гром.

  • Свет 28.12.2013 16:28

    Европа загрижена поради Турција

    Индија

    Во железничка несреќа на југот на Индија загинаа најмалку 26 луѓе поради пожар кој избувнал во воз. Меѓу загинатите има и две деца. Портпаролот на индиската железница изјави дека во возот имало 67 патници, а поголемиот дел од жртвите починале поради задушување од чад. 

  • Свет 28.12.2013 12:43

    По „Гром“, и „Гром два“ ја тресе Србија

    По Гром и гром два во Србија за разбивање на дилери и нарко групи. Акцијата почнала рано изутрината  во повеќе градови, по барање на Бирото за координација на работата на службите за безбедност. Досега на над илјада локации бил извршен претрес.

  • Свет 27.12.2013 12:39

    Експлозија во трговски центар во кинески Сечуан

    Четири лица загинаа, а 40-мина се повредени во експлозија предизвикана од пожар во трговски центар во јужната кинеска провинција Сечуан. Вкупно 28 пожарникарски апарати го гаснеле пожарот којшто се уште не е ставен под контрола. Според официјалните лица, причинета е голема материјална штета.

  • Свет 27.12.2013 11:14

    Напад врз редакцијата на подгорички „Вијести“

    Експлозив со голема разорна моќ е фрлен синоќа врз редакцијата на дневникот „Вијести“ во Подгорица. Направата била фрлена под прозорецот на канцеларијата на главниот уредник, којшто во моментот бил во зградата.

  • Свет 27.12.2013 10:53

    Во екплозија во Бејрут убиен поранешен министер и член на опозицијата

    Силна експлозија изутрината ја потресе престолнината на Либан, Бејрут.

Pages