Обилни врнежи предизвикаа поплави во југоисточниот шпански регион Мурсија. Патиштата се затворени, а десетици жители евакуирани.
Властите издадоа црвено, а потоа го намалија на жолто предупредување.
Обилни врнежи предизвикаа поплави во југоисточниот шпански регион Мурсија. Патиштата се затворени, а десетици жители евакуирани.
Властите издадоа црвено, а потоа го намалија на жолто предупредување.
Украина го обнови снабдувањето со струја во поголемиот дел од земјата, но Доњецк и натаму е без напојување по најновите руски напади. Киев возвраќа, Москва јавува за десетици соборени дронови и саботажа на железница во Ростов.
Хамас објави дека утре ќе почне со предавањето на 48-те заложници кои ги држи во Газа. Во Тел Авив исчекување и надеж за повторно обединување со саканите. Во нивна чест одржан голем митинг со надеж дека ќе биде и последен.
Од утре Европската унија на своите граници го воведува новиот влезно-излезен систем на регистрирање на патниците кои не се жители на блокот. Со системот во 29 држави на Шенген зоната ќе се регистрираат дигитално податоците од патните исправи, отпечатоците и биометриските фотографии.
Израел и Хамас го почитуваат договореното-примирјето продолжува додека израелските сили постепено се повлекуваат од енклавата, а илјадници Палестинци се враќаат во урнатините на северна Газа. ОН добија зелено светло за доставување хуманитарна помош почнувајќи од утре.
Американскиот претседател Трамп најави нови царини од 100 насто на кинеските стоки, покрај постоечките 30%, почнувајќи од 1 ноември.
Новата ескалирачка мерка по месеци трговско примирје меѓу двете земји следува по одлуката на Кина да го ограничи извозот на ретки метали.
Францускиот претседател Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер, и покрај неговата оставка и најавите дека ја завршил својата мисија.
Најмалку 19 лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви, откако во силна експлозија била срамнета со земја фабрика за експлозиви во руралниот дел на Тенеси.
Додека вниманието на светот е насочено кон Блискиот Исток, украинскиот претседател Зеленски го обвини Путин за интензивирање на нападите врз Украина и уништувањето на енергетските постројки.
Израел и официјално соопшти дека договорот за прекин на огнот во Газа стапи во сила. Израелските војници остануваат да вршат притисок врз Хамас сè додека групата не биде разоружана. По објавата на примирјето, десетици илјади Палестинци се упатија кон своите домови во северна Газа.