• Свет 11.12.2013 14:40

    Се урна покрив на банка во Москва

    Во Москва се урна покривот на зградата на „Руската индустриска банка“. Затрупани се десетици луѓе, веќе е јасно дека има многу загинати.

    Во потрагата по преживеаните се ангажирани над 10 спасувачки екипи.

  • Свет 11.12.2013 14:28

    Големо снежно невреме во САД

    Големото снежно невреме што го зафати источниот брег на САД ги затвори владините установи во Вашингтон и училиштата во повеќе градови. Иако не беше силно, како што се очекуваше, голем број летови беа откажани или одложени.

  • Свет 11.12.2013 13:29

    По ноќните судири демонстрантите пак на плоштадот во Киев

    Украинските антивладини демонстранти и денеска и пркосат на полицијата во камповите во Киев.

  • Свет 11.12.2013 11:18

    Хаотично во Аргентина

    Продолжуваат протестите во Киев. Рано изутрината десетици илјади луѓе се собраа на плоштадот на независноста, наспроти претходниот обид на полицијата која во протестниот камп се обиде  да ги демонтира  шаторите  и да ги растера демонстрантите.

  • Свет 10.12.2013 16:21

    Се крати буџетот на ФБИ

    Доколку Конгресот не го одобри буџетот на ФБИ од 8,3 милијарди долари и го намали за  700 илјади милиони, агентите предупредуваат дека нема да можат да ги штитат граѓаните од тероризам и криминал.

  • Свет 10.12.2013 15:42

    Светот се збогува со Нелсон Мандела

    На Меѓународниот ден на човековите права  светот се збогува со Нелсон Мандела, најголемиот поддржувач и борец за еднаквост меѓу луѓето. Комеморацијата се одржува  на стадионот  ,,Совето“ во Јоханесбург.  Над сто државници од целиот свет му оддаваат последна  почит на големиот човек.

  • Свет 10.12.2013 15:30

    Фијаско на Аврамопулос – пред Јужна Африка, навратил во Дубаи

    Јужна Африка виа Дубаи – пред  да отиде на погребот на Нелсон Мaндела во Јоханесбург, грчкиот  министер за одбрана Димитрис Аврамопулос,  без никаква програма, преноќил во Дубаи, информираат дел од грчките портали.

  • Свет 10.12.2013 12:24

    Не престануваат насилните демонстрации во Украина

    Во Украина интервентните единици и антивладините демонстранти цела ноќ се судираа на завеаните улици во престолнината Киев. Засега нема информации за повредени, со оглед на тоа што синоќешните инциденти биле помалку насилни од минатонеделните кога полицијата предизвика гнев кај граѓаните.

  • Свет 10.12.2013 11:57

    Хрватите се раздолжуваат кон банките

    Хрватите  и компаниите  се повеќе се раздолжуваат кон банките, а помалку земаат нови кредити.

  • Свет 09.12.2013 20:57

    Снежно невреме во САД

    Поради големото снежно невреме што ги погоди јужните и централните делови на земјата попречен е авиосообраќајот на голем број аеродроми, меѓу кои и во Вашингтон. Откажани се повеќе од 2 илјади летови.

Pages