Никушор Дан е новиот претседател на Романија. Во вториот круг од претседателските избори освои 54,27 насто, додека противкандидатот, евроскептичниот десничар Ѓорѓе Симион освои 45,73 проценти од поддршката на романските гласачи.
-
Свет 19.05.2025 08:39
-
Свет 19.05.2025 08:35
Денеска телефонски разговор Трамп - Путин
Денеска американскиот претседател ќе разговара телефонски со Путин и со Зеленски.
-
Свет 18.05.2025 17:39
На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан инаугуративна миса на папата Лео 14
На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан инаугуративна миса на папата Лео 14. Неговата светост и официјално ја почна службата како 267-от поглавар на Католичката црква. Пред верниците упати порака за единство во црквата и се осврна на војните во светот.
-
Свет 18.05.2025 11:57
Претседателски избори во Романија
Екстремно-десничарот Симион или прозападниот центрист Дан – Романците избираат меѓу двајцата претседателски кандидати на повторениот втор круг од изборите кои имаа висок ризик за промена на геополитичката насока на земјата членка на Европската унија и на НАТО.
-
Свет 17.05.2025 12:28
По директните преговори во Истанбул продолжија нападите
Воените дејствија во Украина продолжија. Регистрирани жртви и повредени откако со беспилотни летала беше нападнат автобус во регионот Суми на североистокот. Руското бомбардирање во овој крај се интензивираше откако украинските сили беа протерани од Курск, кој се наоѓа спроти Сумската област.
-
Свет 16.05.2025 17:36
Два часа мировни преговори меѓу Москва и Киев
Првите директни мировни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години траеја помалку од два часа, без очигледни знаци за напредок во намалувањето на јазот меѓу страните. Двете страни договориле размена на воени заробеници.
-
Свет 16.05.2025 15:54
Истанбул - надеж за мир меѓу Русија и Украина
Нов обид за мировни преговори меѓу Москва и Киев во Истанбул. По синоќешниот конфузен и долг ден, Русија и Украина конечно на преговарачка маса. Украинците предводени од министерот за одбрана Умеров, Русите од помошникот на Путин, Медински.
-
Свет 16.05.2025 15:19
Шести Самит на Европската политичка заедница во Тирана
Европа се соочува со предизвици од сите страни. Поредокот што беше на сила по Втората светска војна е разнишан по агресијата на Русија врз Украина.
-
Свет 16.05.2025 11:40
Обилен дожд, град и ветар во Хрватска и во Србија
Балканот зафатен од силно невреме. Обилните дождови проследени со силен ветер и град предизвикаа голем број проблеми и материјална штета во неколку окрузи низ Хрватска, оставајќи делови од населби привремено без струја.
-
Свет 16.05.2025 11:08
Нови напади во Газа
Нови жртви на израелски бомби во Газа додека силите на Тел Авив ги интензивираат нападите во енклавата. Според палестинските официјални лица, само во вчерашните бомбардирања се регистрирани над 140 жртви.










