Неизвесност и стравувања за текот на светската економија откако американскиот претседател Трамп ја спроведе одлуката за воведување дополнителни царини за целокупниот американски увоз за алуминиум и челик. Шефицата на Европската унија, Фон дер Лајен со остра критика.
-
Свет 11.02.2025 14:44
-
Свет 11.02.2025 11:13
Трамп гневен откако Хамас ја стопираше размената на заложници, се закани дека ќе предложи прекин на примирјето
Прекинот на огнот на Блискиот Исток на стаклени нозе. Хамас да ги ослободи сите заложници до сабота напладне или ќе се соочи со пекол, се закани американскиот претседател Трамп. Не одговори директно на прашањето дали тоа ќе значи и американска воена интервенција во Газа.
-
Свет 11.02.2025 09:45
Мора да се контролира вештачката интелигенција, велат воените експерти на глобалниот самит во Париз
Состанок на воени претставници и експерти за одбрана на маргините на глобалниот самит за вештачка интелигенција во Париз. Дискутирано за тоа како технологијата на вештачка интелигенција брзо влијае на одбраната и војувањето, вклучително и на фронтот во Украина.
-
Свет 11.02.2025 08:56
Зеленски најави дека оваа недела тимот на Трамп ќе ја посети Украина
Претседателот на Украина најави дека оваа недела тимот на американскиот претседател Трамп ќе ја посети Украина. Зеленски одново потенцираше дека заедничката визија на Вашингтон и Киев треба да биде како да се запре Путин и како да се дадат гаранции за безбедноста на Украина и Украинците.
-
Свет 11.02.2025 08:34
Не запираат потресите на Санторини
Не запираат потресите на Санторини. Два земјотреса од 5,3 и 5,2 по Рихтер во интервал од една минута се случија вчеравечер покрај бреговите островот.
-
Свет 11.02.2025 08:27
САД воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или откажувања. Главните американски добавувачи на челик се Канада, Бразил и Мексико.
-
Свет 11.02.2025 08:12
Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени
Американскиот претседател Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се направи пекол доколку сите заложници во Газа не бидат ослободени до сабота напладне.
-
Свет 10.02.2025 21:25
Хонгконг ќе ги забрани електронските цигари на јавни места
Властите во Хонгконг најавија целосна забрана за поседување и употреба на електронски цигари на јавни места, која треба да стапи на сила до средината на 2026 година. Оваа мерка се воведува од здравствени причини, со посебен фокус на заштитата на младите.
-
Свет 10.02.2025 17:55
Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023-та
Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023-та година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија.
-
Свет 10.02.2025 16:58
Курти со најмногу гласови на парламентарените избори во Косово
Движењето „Самоопределување“на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Косово, но не е доволно за повторно самостојно да формира влада. Актуелната опозиција, Демократската партија на Косово е втора, а Демократскиот сојуз е трет по освоени гласови.










