Претседателските избори во Белорусија и победата на Лукашенко се нелегитимни – оценија од Брисел. Во заедничка изјава шефицата на европската дипломатија и еврокомесарката за проширување, Калас и Кос соопштија дека лажните избори ниту биле фер, ниту биле слободни.
-
Свет 27.01.2025 14:54
-
Свет 27.01.2025 12:12
Отворена истрага за саботажа на подморски кабел во Балтичко Море
Нов инцидент со софистицираната кабелска опрема во Балтичко Море. Овојпат е прекинат водот на латвискиот јавен медиумски сервис што предизвика прекин на преносот на информациите. По инцидентот, шведските власти задржаа руски брод од таканаречената флота во сенка, бродови без јасна сопственост.
-
Свет 27.01.2025 11:15
Грешка на кујнскиот персонал го предизвикал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
Пожарот во хотелот „Гранд картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја бил предизвикан од грешка во кујната. Објавени се резултатите од истрагата за трагедијата, во којашто загинаа 78-мина.
-
Свет 27.01.2025 10:08
Продолжен рокот за повлекување на израелските трупи од Либан
Израел и Хезболах се согласија да го продолжат рокот за повлекување на израелските трупи од Либан до 18-ти февруари, откако Тел Авив побара повеќе време за да се осигури дека либанската армија целосно ќе се распредели на јужната граница, соопштија од Белата куќа.
-
Свет 27.01.2025 08:24
Примирјето во Либан ќе продолжи до 18-ти февруари, соопшти Белата куќа
Израел ги задржува трупите на југот на Либан и покрај истекот на рокот, договорот со Хезболах продолжен до 18 февруари-соопшти Белата куќа.
-
Свет 27.01.2025 08:17
Жестоки борби на фронтот меѓу украинската и руската армија
За само 24 часа забележани 153 престрелки меѓу украинската и руската армија. Најжестоки битки се водат во правец на Покровск. Руските сили тврдат дека зазеле уште две села во Доњецката област.
-
Свет 27.01.2025 08:12
Богота се предомисли, ќе ги прими мигрантите
Белата куќа победи во пресметката со Колумбија која ги блокираше слетувањата на два американски авиона со депортирани мигранти од САД.
-
Свет 27.01.2025 08:09
Студентите со 24-часовна блокада во Белград
Студентите најавија целодневна блокада во Автокоманда во Белград тврдејќи дека барањето за објавување на комплетната документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 луѓе, не е целосно исполнето.
-
Свет 27.01.2025 08:03
Сиљановска-Давкова на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц
Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80.
-
Свет 26.01.2025 20:21
Лукашенко го освои седмиот мандат
Александар Лукашенко на денешните претседателски избори во Белорусија освои 87,6 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на гласачките места.
Ова го соопшти претседателот на белорускиот комитет на младински организации, Павел Алексо.










