• Свет 10.11.2024 13:33

    Големи протести во Валенсија

    „Ние сме извалкани со кал, вие со крв!“ – десетици илјади гневни граѓани на протест во Валенсија по поплавите кои зедоа стотици жртви, гневни поради лошиот одговор на власта. Бараат одговорност и оставки од регионалниот лидер, Мазон и премиерот Санчез.

  • Свет 10.11.2024 13:20

    Украина лансираше беспилотни летала кон Москва

    Трамп преку свои советници упатува пораки дека Европа не направила ништо кога Русија го анектираше Крим, а сега дава задоцнета поддршка за Украина. За Вашингтон нема да биде приоритет Украина да ги зачува сите територии, туку ставање крај на војната.

  • Свет 10.11.2024 10:32

    Непријателствата и нападите земаат замав на Блискиот Исток

    Мирот на Блискиот Исток се понеизвесен откако посредникот Катар реши да се повлече од преговорите за примирје. Непријателствата и нападите земаат замав. Американската и британската војска ги гаѓаа позициите на Хутите низ Јемен, Израел напаѓа во Газа и Либан. Црниот биланс расте.

  • Свет 09.11.2024 18:02

    Бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

    Десетици загинати и повредени по бомбашки напад на железничка станица во Квета во југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, додека патниците чекале воз на преполната платформа.

  • Свет 09.11.2024 17:26

    Во Германија се одбележуваат 35 години од падот на Берлинскиот ѕид

    Со бројни настани Германија ја одбележува 35 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид-клучен момент во распадот на комунизмот во Европа.

    Одржани комеморации и изложени постери долж поранешната рута на Ѕидот, со симболичен наслов-„Ние ја држиме слободата високо“.

  • Свет 09.11.2024 13:38

    Реакции по немилите настани во Холандија

    Лавина реакции по инцидентот во Амстердам во кој беа нападнати израелски навивачи. По осудата на холандските власти, од Брисел порака дека Европа нема да толерира антисемитско насилство и е решена да се бори против сите форми на омраза.

  • Свет 09.11.2024 12:50

    Се бара мировен договор за Украина

    По изборот на Трамп за нов американски претседател се активира планот за постигнување мир во Украина. Украина се плаши дека мирот нема да биде поволен за земјата, па Зеленски тоа го побарал и во телефонскиот разговор со Трамп на кој се приклучил и Илон Маск.

  • Свет 09.11.2024 11:00

    Трамп нема да биде кривично гонет, судењето е прекинато

    Федералниот суд го одобри барањето на специјалниот обвинител Џек Смит за суспендирање на роковите во случајот за мешање во изборите против Доналд Трамп.

  • Свет 09.11.2024 10:11

    Синоќа во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот

    Синоќа во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот преку Варадинскиот мост. Насобраните повикаа да се утврди одговорноста за трагедијата на станицата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.

  • Свет 08.11.2024 20:45

    Силен земјотрес во Турција

    Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

    Епицентарот на земјотресот е во провинцијата Елазиг, на длабочина од 16 километри.

    Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Pages