На речиси два месеца до американските избори, претседателските кандидати, Трамп и Харис се подготвуваат за првата дебата.
Игор Стефановски од „Гласот на Америка“ се јавува во Дневникот.
На речиси два месеца до американските избори, претседателските кандидати, Трамп и Харис се подготвуваат за првата дебата.
Игор Стефановски од „Гласот на Америка“ се јавува во Дневникот.
Данската полиција ја приведе активистката Грета Тунберг за време на протестот против војната во Газа одржан во Копенхаген, објавија странските агенции, цитирајќи го портпаролот на студентската група која ги организираше демонстрациите.
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, во поднесокот до судот изјави дека ќе се изјасни за невин по обвиненијата во изменетото обвинение кое го товари дека се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020-та година од Џозеф Бајден.
Турболенции во Украина – во Владата во Киев се случуваат големи промени за кои претседателот Зеленски најави дека ќе продолжат. Шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, поднесе оставка. Политичките потреси доаѓаат во време на жестоки руски напади.
Нови жестоки руски напади врз Киев и центарот на Лавов. Има жртви и повредени. Погодена и зградата на универзитетот во Суми.
Рим под вода по кратка но силна бура што ја зафати централна и јужна Италија по долг период на топлотен бран. За помалку од еден час наврнале 60 литри дожд на квадратен метар. Многу делови од градот беа поплавени, а дрвја беа урнати од силниот ветер.
Советот за безбедност заседава по итно барање на израелскиот пратеник за прашањето на заложниците кои ги држи Хамас во Газа. Убиствата на заложниците ја нагласуваат итноста на преговорите за прекин на огнот, соопшти Белата куќа.
Жесток руски напад во текот на ноќта врз Киев и центарот на Лавов. Погодена и зградата на универзитетот во Суми. Над Белгород соборени украински дронови. Полска ги подигна авионите.
Протераниот соработник на Алексеј Навални, Иван Жданов, објави официјален допис на обвинителите од областа Јамал-Сконенец за поништување на одлуката на истражителот, со која беше спречена истрагата за смртта на рускиот опозициски лидер.
Десетици загинати и околу 200 повредени во два руски напада со балистички проектили во Полтава, централна Украина. Властите велат дека ракетите биле истрелани набргу по воздушната тревога по што луѓето немале време да се засолнат.