Претседателот Бајден изврши обиколка на погодените региони од ураганот Милтон најавувајќи помош од 680 милиони долари за обновување на електричната мрежа и стопроцентен надомест за расчистување на отпадот.
-
Свет 14.10.2024 08:34
-
Свет 14.10.2024 08:29
Пекинг почна воени вежби, Тајпеј со осуда
Кина започна нова рунда воени вежби во близина на Тајван како предупредување против сепаратистичките акти на тајванските сили за независност, без да прецизира кога ќе завршат. Во Тајванскиот теснец се распоредени четири флоти за инспекции во водите, набргу откако почнаа воените маневри.
-
Свет 14.10.2024 08:26
Жестоки борби меѓу Израел и милитантните групи
Неколку часа пред договорениот привремен прекин на огнот во Газа за вториот круг вакцинација против детска парализа, Израел изврши воздушни напади врз позиции на Хамас. Погодено училиште во Нусејрат, експлозии и во блискиот камп пред болницата Ал Акса по што избил пожар.
-
Свет 13.10.2024 19:32
Србите од Косово од денеска без визи во ЕУ
Од денеска стапува во сила безвизниот режим при влез во ЕУ за Србите од Косово кои имаат српски пасоши.
Ова произлегува од Регулативата која беше објавена на 23 септември во Службениот весник на ЕУ и која предвидува стапување во сила во рок од 20 дена.
-
Свет 13.10.2024 12:16
Итен состанок на израелската влада, се носи одлука за напад на Иран
Израелскиот премиер Нетанјаху свика итен состанок на кабинетот. Се стеснуваат целите за планираниот одговор на иранскиот ракетен напад. Вашингтон уверува – нема индикации за таргетирање нуклеарни постројки, цел ќе бидат воени и енергетски инфраструктури.
-
Свет 13.10.2024 10:49
Најмалку 20 лица повредени во железничка несреќа во Египет
Најмалку 20 лица се повредени во железничка несреќа во јужен Египет.
Според надлежните, локомотивата на патничкиот воз кој патувал за Каиро се откачила и повлекла два вагони во вода.
Ова втора несреќа за еден месец поради запоставениот железнички систем.
-
Свет 13.10.2024 10:46
Ураганот Лесли се приближува кон Европа
По тропската бура Кирк, ново невреме и се заканува на Европа. Ураганот Лесли се доближува до Западниот Брег на стариот континент и се очекува веќе следната недела неговото влијание да се почувствува во Португалија и Шпанија.
-
Свет 13.10.2024 09:53
Израелската армија затвори области околу неколку градови на северот на Израел
По безбедносната проценка, израелската армија ги затвори за јавност областите околу некои градови на северот на Израел, чии жители беа евакуирани поради ракетни истрели од Хезболах.
-
Свет 13.10.2024 09:16
Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, вели Зеленски
Украинската новинарка Викторија Рошчина која исчезна во август минатата година во делот од земјата окупирана од руските сили, е прогласена за мртва. Москва, на која и требаа 9 месеци да потврди дека ја привеле новинарката, не ги наведе причините за смртта.
-
Свет 13.10.2024 09:15
Прв круг од парламентарните избори во Литванија
Во Литванија се одржува прв круг на парламентарни избори, за новиот состав гласаат околу 2,4 милиони луѓе. Се бираат 70 пратеници кои потоа ќе се придружат во едномандатните изборни единици што освоиле над 50 насто од гласовите.










