Украина одговори на новите руски бомбардирања соборувајќи две од четирите ракети и сите лансирани дронови, продолжувајќи со напади на руска територија. Најмалку 16 лица се повредени во гранатирање на Белгородската област.
-
Свет 08.08.2024 11:18
-
Свет 08.08.2024 10:36
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Јапонија
Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Мијазаки. Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами.
Засега нема информации за жртви или штети.
-
Свет 08.08.2024 10:09
Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена поради можен терористички напад, уапсен 19-годишник со потекло од Македонија
Трите концерти на американската кантавторка Тејлор Свифт закажани во Виена се откажани откако австриската полиција објави дека уапсила екстремист, осомничен дека планирал напад врз нив.
-
Свет 08.08.2024 09:18
Бугарскиот парламент забрани промоција на ЛГБТК во училиштата
По примерот на Унгарија, Полска и Словачка, бугарската влада вчера ги забрани нехетереосексуалните пораки, ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски
-
Свет 08.08.2024 08:59
Вонредна состојба во Курск
Во Курската област во Русија е прогласена вонредна состојба поради украинските напади на тој пограничен регион. Руските власти тврдат дека во нападите биле повредени најмалку 31 лице.
-
Свет 08.08.2024 08:52
Израел во состојба на готовност
Израел е во состојба на висока готовност и ќе може брзо да одговори на секој напад, изјави началникот на генералштабот на израелските одбранбени сили Херзи Халеви. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека циклусот на одмазда на Блискиот Исток мора да престане.
-
Свет 07.08.2024 21:01
Путин одржа седница со руските началници за безбедност поради состојбата во регионот во Курск
Рускиот претседател Владимир Путин одржа седница со руските началници за безбедност поради состојбата во регионот во Курск, Русија. Шефот на генералштабот Герасимов го информираше Путин дека украинската офанзива е запрена.
-
Свет 07.08.2024 18:14
Харис го избра Волц за нејзин потпреседател
Потпретседателката на САД Камала Харис го одбра гувернерот на Минесота Тим Волц за нејзин кандидат за потпретседател на изборите закажани за ноември. Харис и Волц веќе почнаа со својата кампања.
-
Свет 07.08.2024 11:54
Светот за подготвува за жесток конфликт
Ракети и дронови повторно преку либанско-израелската граница. Израелски воени авиони со низок лет над Бејрут. Либанските власти тврдат-се обидуваат да спречат одговор на Хезболах што би започнал поширока војна, но лидерот на милитантната група со поинаков став.
-
Свет 07.08.2024 10:16
Тропската бура „Деби“ ги погоди крајбрежните градови во Џорџија и Јужна Каролина
Тропската бура „Деби“ ги погоди крајбрежните градови во Џорџија и Јужна Каролина, предизвикувајќи торнада и поплави по улиците и домовите, што е само почеток на продолжената бура што се очекува да донесе неверојатни количества дожд.










