Украинскиот претседател Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре преку преговори, туку дека Москва мора да биде принудена да постигне мир.
-
Свет 25.09.2024 14:09
-
Свет 25.09.2024 12:21
Хезболах за првпат истрела балистичка ракета кон Тел Авив, Израел тврди ракетата била пресретната
Хезболах за првпат истрела балистичка ракета кон Тел Авив, израелската одбрана ја пресретна. Милитантната група тврди-целеле кон седиштето на разузнавачката служба на МОСАД. Во најновиот ракетен бараж од Либан погодена е куќа во Сафед.
-
Свет 25.09.2024 11:22
„Борис“ донесе повеќе врнежи од кога било досега
Климатските промени предизвикаа обилните дождови како оние што предизвикаа разорни поплави во Централна Европа.
-
Свет 25.09.2024 11:11
Лансиран интерконтинентален проектил за првпат од 1980
Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава, која паднала во Тихиот Океан.
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека лансирањето било рутинско и дел од годишен тренинг. Ова е прв ваков тест по 1980 година.
-
Свет 25.09.2024 11:10
Жителите на Кашмир гласаат во втората фаза од изборите
Жителите на Кашмир под контрола на Индија гласаат во втората фаза од непречените избори за локална власт.
Околу 2,6 милиони жители во Кашмир имаат право да изберат 26 од 239 кандидати во шест области, вклучително и во најголемиот регионален главен град Сринагар.
-
Свет 25.09.2024 09:31
Пукано во канцеларијата на Камала Харис
Американската полиција соопшти дека било пукано во изборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис во Аризона, само една недела по вториот обид за атентат врз републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп.
-
Свет 25.09.2024 08:41
Зеленски пред Советот за безбедност на ОН говореше дека ќе ја добие војната
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, ја нагласи хуманитарната криза во Украина, нагласувајќи ја потребата од континуирана меѓународна поддршка. Рече дека петнаесет милиони луѓе во Украина имаат потреба од хуманитарна помош – повеќе од половина од нив жени и девојчиња.
-
Свет 25.09.2024 08:35
Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични забелешки.
-
Свет 24.09.2024 20:28
Продолжуваат израелските напади врз Либан, загинати над 550 луѓе
Израел соопшти дека извршил десетици воздушни напади врз Хезболах денеска. И покрај зголемениот притисок врз Израел да ги прекине смртоносните напади, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воената операција.
-
Свет 24.09.2024 19:33
Врнежите предизвикаа поплави во повеќе држави низ Европа
Изобилните врнежи предизвикаа поплави во делови од Англија и Велс. Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија. Нови врнежи од дожд се очекуваат во делови од Шкотска.










