Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Црна Гора.
Епицентарот бил на 27 километри северозападно од Никшиќ.
Тресењето на земјата се почувствувало и во Подгорица. Засега нема информации за жртви и материјална штета.










