Бура во таборот на американската демократска партија по дисонантните тонови околу продолжувањето на номинацијата на Џо Бајден за претседател на светската супер сила.
-
Свет 04.07.2024 12:32
-
Свет 04.07.2024 11:32
Порака со предупредување за невреме испратена до жителите и туристите во северна Грција
Изобилни врнежи од дожд и невреме се очекуваат во текот на денешниот ден во повеќе области на Грција. Предупредувачка порака за интензивни временски појави и ограничено движење се испратени до сите оние кои се наоѓаат во Солун, Халкидики, Катерини, Кавала.
-
Свет 04.07.2024 11:17
Годишен самит на лидерите на земјите-членки на Шангајската организација
Претседателите на Русија и Кина, Путин и Си Џинпинг присуствуваат на годишниот самит на лидерите на земјите-членки на Шангајската организација во главниот град на Казахстан, Астана. Западниот сосед и сојузник на Русија, Белорусија, официјално е примен во организацијата.
-
Свет 04.07.2024 10:24
Земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 63 километри од Ираклион, на длабочина од 14 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
-
Свет 04.07.2024 09:50
Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети на „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“
Според одделни анкети објавени вчера од Њујорк Тајмс и Волстрит Џурнал, Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност пред претседателот Џо Бајден во трката за Белата куќа откако двајцата кандидати дебатираа минатата недела.
-
Свет 04.07.2024 09:26
Парламентарни избори во Велика Британија
Обединето Кралство, 49 милиони луѓе од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска гласаат за новиот парламентарен состав. Домот на лордовите или Долниот дом на британскиот парламент има вкупно 650 места. За формирање Влада потребно е мнозинство од 326 пратеници.
-
Свет 04.07.2024 09:04
Се шири пожарот во Северна Калифорнија
Шумскиот пожар во Северна Калифорнија продолжува да се шири. Локалните власти прогласија вонредна состојба и наредија итна евакуација на најмалку 13.000 луѓе од погодената област.
Одобрено е федерално финансирање за борбата со огнената стихија.
-
Свет 04.07.2024 09:01
Напади во Иран и на израелско-либанската граница
Ситуацијата во Појасот Газа не мирува. Израелската армија изврши повеќе воздушни напади низ палестинската енклава. Продолжува размената на оган на границата меѓу Либан и Израел.
-
Свет 04.07.2024 08:58
Парламентарни избори во Велика Британија, гласаат 49 милиони луѓе
49 милиони луѓе од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска гласаат за новиот парламентарен состав. Новата влада ќе мора да се справи со финансиската криза, миграцијата и инфлацијата предизвикани од војната во Украина.
-
Свет 04.07.2024 08:45
Засилени напади на фронтот во Украина, Зеленски бара оружје
Петмина загинати и над 50 повредени во вчерашниот руски ракетен напад на Днепар – потврдија украинските власти. Претседателот Зеленски побара од Западот посовремени системи за воздушна одбрана и ракети со долг дострел.










