Борбите продолжуваат во украинските региони. Зеленски вели дека Русија се подготвува за офанзива во пресрет на претседателските избори во март и кандидатурата на Путин. Според него, ситуацијата на фронтот е комплицирана, на Украина и недостига оружје.
-
Свет 12.01.2024 11:08
-
Свет 12.01.2024 09:26
Напади на САД и Велика Британија против Хутите во Јемен
Американската и британската војска бомбардираа повеќе од десет локации што ги користат Хутите во Јемен, поддржани од Иран. Масовниот одмазднички напад е извршен со воени бродови, ракети. „Томахавк“ лансирани од подморници и борбени авиони.
-
Свет 11.01.2024 15:03
Процес против Израел во Хаг
Почна процесот против Израел во Хаг под обвинение од Јужноафриканската Република за геноцид во војната во Појасот Газа. Пред палатата на правдата, пропалестински и произраелски протести.
-
Свет 11.01.2024 12:15
Руски ракетен напад на хотел во Харков, борбите продолжуваат на двете страни од границата
Ноќта не е сојузник на жителите на Украина. Вечерта Харков повторно е бомбардиран, најмалку 13-мина во хотел во центарот на градот се повредени. Потрагата по можните жртви се одвиваше меѓу урнатините.
-
Свет 11.01.2024 11:57
Израел се соочува со обвиненија за геноцид во Газа пред судот во Хаг
Израел e на обвинителна клупа во Меѓународниот суд на правдата во Хаг обвинет од минатогодишниот претседавач на БРИКС, Јужноафриканската Република, за геноцид во војната во Појасот Газа. Правните тимови од двете страни денеска и утре ги изнесуваат аргументите.
-
Свет 11.01.2024 11:44
Силно невреме на истокот на САД, најмалку пет жртви
Најмалку пет лица загинаа во снежното невреме што го зафати истокот на САД. Повеќе од 150 илјади домови останаа без струја, главно во сојузните држави Њујорк и Пенсилванија. Некои училишта на источниот брег ја откажаа наставата. Изобилните врнежи ги затворија патиштата.
-
Свет 11.01.2024 09:50
Правосудниот систем е голем проблем во Еквадор, вели Нобоа
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа вели дека голем проблем во земјата е правосудниот систем. Рече дека постојат апсурдни ситуации и дека неговата влада се обидува да го поддржи државното обвинителство.
-
Свет 11.01.2024 09:49
НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година
НАТО ја потврди посветеноста за дополнително зајакнување на одбраната на Украина, а воедно и ја осуди ескалацијата на руските воздушни напади врз Украина, како и руската употреба на балистички ракети од Северна Кореја и беспилотни летала од Иран.
-
Свет 11.01.2024 09:46
Израел се најде пред Меѓународниот суд во Хаг, Јужна Африка тврди дека Тел Авив врши геноцид
Тел Авив откри нови тунели на Хамас во центарот на Газа и најави нови операции во областа. СЗО ја откажа мисијата за достава на помош во енклавата поради безбедносни причини и го повика Израел да ја одобри испораката.
-
Свет 10.01.2024 12:21
Полската полиција уапси двајца пратеници во претседателската палата
Поранешниот министер за внатрешни на Полска Мариуш Камински и неговиот заменик Мачеј Васик, и двајцата поранешни пратеници се притворени од полицијата во претседателската палата во Варшава.










