• Свет 11.12.2023 12:36

    Жестоки борби во Појасот Газа

    Се разгоруваат борбите меѓу Израел и Хамас. На двете страни се огласуваат сирени. Во ракетен напад врз Тел Авив и Холон повредено е едно лице. Фокусот на војната и натаму е Кан Јунис. Убиени се десетици терористи на Хамас, уште толку им се предале на израелските војници, тврди одбраната.

  • Свет 11.12.2023 10:26

    Трамп нема да сведочи по вторпат на судењето за граѓанска измама во Њујорк

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, решил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк. На својата социјална мрежа напиша дека минатиот месец многу успешно сведочел и не гледа потреба за повторно појавување.

  • Свет 11.12.2023 10:21

    Зеленски утре на средби во Белата куќа

    Украинскиот претседател Зеленски, утре на средби во Белата куќа на покана на неговиот колега Бајден. Целта на посетата во Вашингтон е да се нагласи непоколебливата посветеност на САД за поддршка на Киев, во одбраната од бруталната руска инвазија.

  • Свет 11.12.2023 10:13

    Нетанјаху побара Хамас да се предаде

    Убиени десетици терористи на Хамас, уште толку им се предале на израелските војници, тврди одбраната. Апсењата продолжуваат додека копнената офанзива се продлабочува.

  • Свет 10.12.2023 18:30

    Претседателски избори во Египет

    Претседателски избори во Египет. Очекувањата се дека актуелниот шеф на државата, Абдел Фатах Ал Сиси ќе освои трет мандат.

    Клучни предизвици за него ќе биде справувањето со инфлацијата, недостигот од девизи и напорите да спречи конфликтот меѓу Израел и Хамас да се прелее во Египет.

  • Свет 10.12.2023 17:31

    Торнадо во Тенеси, има загинати и повредени

    Шестмина загинати и над 20 повредени во торнадото што ја зафати американската сојузна држава Тенеси. Предизвикана е голема материјална штета.

  • Свет 10.12.2023 12:32

    Претседателите на Србија, Азербејџан и Бугарија го означија почетокот на работата на гаснинот интерконектор

    Претседателите на Србија, Азербејџан и Бугарија, Александар Вучиќ, Илхам Алиев и Румен Радев и амбасадорот на ЕУ во Србија Емануел Жофре, денеска во Трупале крај Ниш, на свеченост ќе го означат почетокот на работата на гасниот интерконектор Србија – Бугарија.

  • Свет 10.12.2023 12:05

    Продолжува воздушната и копнената офанзива во Газа

    Израелските одбранбени сили ја продолжуваат воздушната и копнената офанзива во Газа. Силни експлозии се слушаат во пограничниот град Рафа во јужниот дел на Појасот.

  • Свет 09.12.2023 18:37

    ЕУ постигна договор за регулирање на вештачката интелигенција

    По долги преговори, ЕУ постигна договор за клучните правила со кои ќе се регулира вештачката интелигенција. Предлозите вклучуваат заштитни мерки за обезбедување квалитет на податоците, кои се користат за развој на алгоритмите.

  • Свет 09.12.2023 17:00

    Пожар во болница во Рим, има загинати

    Најмалку 4 лица загинаа во пожар што се случи во болница во предградие на Рим. Преостанатите пациенти се евакуирани со брза помош во соседните болници.

Pages