Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ја обжали одлуката во американската сојузна држава Мејн која го спречува да учествува на претседателските избори.
-
Свет 03.01.2024 15:02
-
Свет 03.01.2024 14:56
Десетици жртви и повредени во Иран
Десетици жртви и повредени во иранскиот град Керман по две експлозии во близина на гробницата на убиениот воен командант Касем Сулејмани. Иранските официјални лица велат дека станува збор за терористички напад.
-
Свет 03.01.2024 14:09
Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија
Сателитските снимки на најпогодената префектурата Ишикава го покажуваат ужасот кој го живее Јапонија овие денови. Бројот на жртви расте од час во час. Спасувачите во трка со времето се обидуваат да спасат што може да се спаси.
-
Свет 03.01.2024 12:57
Смртоносниот напад врз лидерот на Хамас во Бејрут ги зголеми стравувањата од поширок регионален конфликт
Се посилни се предупредувањата за потенцијална ескалација на борбите на Блискиот Исток. Хамас бара одговорност од израелските власти за убиството на заменик-лидерот на групата и двајца началници на бригадите Касам.
-
Свет 03.01.2024 10:53
Силен земјотрес во Чиле и Аргентина
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Чиле и Аргентина, во 05:04 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 155 километри од градот Копиапо во Чиле, односно 79 од градот Винчи во Аргентина, на длабочина од 155 километри.
-
Свет 03.01.2024 09:32
Продолжуваат гранатирањата меѓу Украина и Русија
Украина одново го нападна Белгород по вчерашниот масовен руски ракетен напад врз регионите на Киев и Харков, во кој загинаа најмалку пет, а беа ранети 130 лица. Руските власти тврдат дека војската соборила 12 проектили над Севастопол.
-
Свет 03.01.2024 09:31
Спасувачките екипи во потрага по преживеани под урнатините по земјотресот во Јапонија
Над 60 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1-ви јануари. Урнатините и оштетените патишта сè уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните.
-
Свет 03.01.2024 09:30
Во израелски напад со дрон во Бејрут убиен висок претставник на Хамас
САД со осуда за коментарите од израелски министри дека Палестинците треба да се охрабрат да емигрираат од Газа и еврејските доселеници да се вратат на опколената територија. Според Стејт Департментот, таквата реторика е неодговорна. Позиција на САД е дека Газа е палестинска земја.
-
Свет 03.01.2024 09:00
Не запираат нападите меѓу Русија и Украина
Еден загинат, а седум лица се ранети во украинскиот напад врз Белгород, соопштија од руското министерство за одбрана и регионалните власти.
Руската противвоздушна одбрана соборила 17 украински „воздушни цели“, вклучително и ракети и оштетиле голем број домови и автомобили.
-
Свет 02.01.2024 19:40
Израел ги засили нападите врз цели на Хамас
Интензивни борби меѓу израелските сили и Хамас во централниот и јужниот дел на Газа од копно, море и од воздух. Израелската војска објави дека извршила нови воздушни напади во јужен Либан насочени кон милитантите на Хезболах.










