• Свет 22.10.2023 12:36

    Вашингтон вети поголема воздушна одбрана на Блискиот Исток

    Вашингтон вети поголема воздушна одбрана на Блискиот Исток како одговор на нападите врз американските сили во регионот. Пентагон ќе испрати антибалистички систем за одбрана заедно со дополнителни баталјони на противвоздушниот ракетен систем Патриот.

  • Свет 22.10.2023 11:30

    Ураганот Норма го погоди Мексико

    Ураганот Норма од Пацификот го погоди Мексико. Властите ги повикаа граѓаните да останат дома Норма со себе донесе ветер од 200 километри на час и поројни дождови.

    Градот Кабо Сан Лукас е најпогоден, се санираат штетите.

  • Свет 22.10.2023 11:29

    Пекинг и Манила меѓусебно се обвинуваат за судирот на двата брода

    Кинеските и филипинските власти со меѓусебни обвинувања за судирот меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и товарен брод во Јужното Кинеско Море.

  • Свет 22.10.2023 11:26

    Руски ракетен напад врз пошта во Харков

    Најмалку шест лица загинаа, а 14 се повредени во руски ракетен напад врз пошта во Харков. Продолжуваат битките и во Доњецк.

    Киев ќе продолжи со дипломатските напори за продолжување на поддршката за Украина, вели претседателот Зеленски.

  • Свет 22.10.2023 09:53

    Израел ги зголеми нападите врз Појасот Газа

    Израел изврши воздушни напади во јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот на енклавата. Во гранатирање на бегалски камп десетмина загинати и десетици повредени. Претходно беше нападнат пазар. Апел до цивилите да се преместат на безбедно.

  • Свет 21.10.2023 22:14

    Израел гранатираше пазар во Појасот Газа, има жртви и повредени

    Израел вечерва го гранатираше пазарот Нусејрат во Појасот Газа, а во нападот има и жртви, соопшти палестинското МВР, но не го прецизира бројот на жртвите и ранетите. Портпаролот на израелската војска веќе најави дека планира да ги зголеми нападите.

  • Свет 21.10.2023 19:53

    Дипломатска петорка на средби во Косово и Србија

    По неуспехот на последниот дијалог во Брисел меѓу Србија и Косово, и по вооружениот конфликт во Бањска, големата петорка предводена од специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, после Приштина допатува во Белград на средба со претседателот Александар Вучиќ во обид за продолжување на дијалого

  • Свет 21.10.2023 18:58

    Силно невреме низ Европа, во три држави поплави

    Невремето Бабет ја зафатени Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија.

    Силниот ветер и изобилните дождови за три дена предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија и на сообраќајот. Најмалку четири лица загинаа.

  • Свет 21.10.2023 17:15

    По две недели се кренаа рампите на преминот Рафах

    И покрај звуците од артилериски оган, 20 камиони со лекови, медицинска опрема и храна од Египет влегоа во опколениот Појас Газа. Кревањето на рампата на преминот Рафах доаѓа на 15-от ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

  • Свет 21.10.2023 15:03

    Лајчак: Очекуваме Косово и Србија целосно да ги исполнат своите обврски од дијалогот

    Нов обид за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Дипломати на Квинтата во Косово и Србија на средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ. За дијалогот нема алтернатива бидејќи тој носи нормализација, вели специјалниот претставник Лајчак.

Pages