• Свет 28.05.2023 10:08

    Нова серија напади врз Киев

    Повторно активирани сирените за воздушна тревога во Украина. Нова серија руски напади врз Киев, најголемата од почетокот на војната. Соборени се над 40 дронови.

  • Свет 28.05.2023 09:31

    Втор круг од претседателските избори во Турција

    Втор круг претседателски избори во Турција. Битката за челната позиција на државата се води меѓу Ердоган и Киличдароглу. Исходот од овој круг ќе значи или петти мандат за актуелниот претседател или нова шанса за неговиот опонент кој ветува враќање на демократијата.

  • Свет 27.05.2023 17:53

    Милош Вучевиќ избран за нов претседател на Српската напредна партија

    Во период на политички превирања, претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка, Александар Вучиќ, поднесе оставка од својата партиска функција.

    На партискиот состанок во Крагуевац, за наследник на Вучиќ е избран Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија.

  • Свет 27.05.2023 13:13

    Мирно, но тензично на северот на Косово

    Општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавич остануваат под силно полициско обезбедување на косовската полиција по нередите во кои вчера имаше повредени. Борбената готовност на српската армија и натаму на највисоко ниво. Во Белград, Совет за национална безбедност.

  • Свет 27.05.2023 13:04

    Утре во Турција втор круг претседателски избори

    Утре во Турција се одржува вториот круг од претседателските избори. Гласачите решаваат меѓу актуелниот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот политички противник, Кемал Киличдароглу. Според анкетите, Ердоган е во благо водство.

  • Свет 27.05.2023 12:02

    Украина: Русија се подготвува да симулира инцидент во Запорожје

    Според украинското Министерство за одбрана, Русија подготвува симулација на сериозен инцидент во нуклеарната централа Запорожје. Објектот кој е најголемиот од ваков тип во Европа, е под контрола на проруските сили.

  • Свет 27.05.2023 09:24

    По вчерашните нереди, мирно на северот на Косово

    Седница на Советот за национална безбедност во Србија по најновите инциденти на северот на Косово. Во нередите во општините со мнозинско српско население има повредени. Борбената готовност на војската останува на највисоко ниво иако утрово е мирно во тој дел од Косово.

  • Свет 26.05.2023 21:50

    Вучиќ: Ова е последна вечер што се обраќам како претседател на СНС

    Заврши собирот на поддржувачите на Вучиќ во Белград, насловен – Србија на надежта. По 11 години на чело на партијата, Вучиќ од пред Народното собрание изјави дека ова е последна вечер што се обраќа како претседател на Српската напредна партија, и дека од утре ќе биде претседател на сите граѓани.

  • Свет 26.05.2023 15:41

    Тензии на северот на Косово, Вучиќ повика на борбена готовност

    Припадници на косовската полиција ги опколија зградите на општините Зубин поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се огласија сирените за тревога. Тревога се огласи и во северна Митровица. Во Звечани е фрлена шок бомба врз насобраните, а се слушаат и рафални истрели.

  • Свет 26.05.2023 14:30

    Русија распоредува нуклеарно оружје во Белорусија

    Русија продолжи со планот за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Ова е прво распоредување на такви бомби од страна на Кремљ надвор од Русија по падот на Советскиот сојуз.

Pages