Денес на сметките на 299.014 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 839 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Просечната пензија во Република Македонија за јануари изнесува 13.103 денари.
Денес на сметките на 299.014 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 839 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Просечната пензија во Република Македонија за јануари изнесува 13.103 денари.
Конференција за поддршка на македонската старт-ап заедница ќе се одржи денеска во Скопје како дел од глобалниот завршен настан на т.н. Европска старт-ап недела.
Огласот е за набавени, јуници, овци, кози, свињи и пчелни матици во периодот од 1 октомври до 31 декември 2015 година, а висината на подршката е до 6,5 милиони денари по корисник.
Таки Ѓоргиев од скопско Булачани на 35 години со пари од државната каса почнал бизнис со земјоделство. За да го развива бизнисот добил 600.000 денари. Вели- иднината е во земјодлеството, а финaнсиката поддршка му помогнала за реализација на долгогодишната цел.
За следниов петгодишен период Европската комисија преку своите фондови става на располагање 42 милиони евра за издржаните проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка со Р. Грција. Половината од средствата се активирани со неодамнешниот прв јавен повик.
Охрид ќе ја збогатува туристичката понуда со развој на елитен конгресен туризам. За таа цел ќе се изгради современ конгресен центар наменет за организирање на големи меѓународни собири, кои досега не можеа да се одржуваат поради малиот капацитет на туристичките објекти.
Расте цената на суровата нафта на светските берзи откако Русија потврди дека по пауза од повеќе години ќе разговара со ОПЕК за намалување на дневното ниво на производство на сурова нафта.
До 29 февруари лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1 октомври до 31 декември 2015 година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите.
Се бараат домашни и странски компании кои ќе го градат експресниот пат Штип - Радовиш. Европската банка за обнова и развој која обезбедува заем од 64 милиони евра, од Лондон објави повик за претквалификација на заинтересирани.
Сѐ поголем број Македонци тргуваат преку интернет. Расте бројот на он- лајн купувачи. Според податоците на Народната банка за платежни картички, лани над милион трансакции преку интернет, за 33,6 насто повеќе од 2014- тата. Потрошени 18,4 милиони евра.