Субвенции за набавка на добиток

05.02.2016 10:13

За набавка на добиток и проширување на стадото сточарите може да побараат субвенции од државата. Огласот за аплицирање ќе трае до крајот на овој месец.

Огласот е за набавени, јуници, овци, кози, свињи и пчелни матици во периодот од 1 октомври до 31 декември 2015 година, а  висината на подршката е до 6,5 милиони денари по корисник.

Парите  се добиваат со ко-финансирање од 50 до 75 проценти од одобрените трошоци во зависност од категоријата и од местото каде што се наоѓа фармата.

Еден сточар може да достави најмногу две барања, кои се избираат со бодување.

Набавката на пчелни матици се субвенционира до 600.000 денари.

Аплицирањето е исклучиво електронски и ќе се врши до крајот на февруари.

Доколку фармерот не е воможност сам да аплицира може да побара помош во најблиската подрачна единица на Министерството за земјоделство.

Методија Трајков