Џонсон Контролс ќе отвори нова фабрика во Струмица. Инвестиција вредна 20 милиони долари. Проектирани се 1.500 работни места. Ова е трета инвестиција на фабриката во Македонија. Има фабрики во Скопје и во Штип.
-
Економија 03.11.2015 15:08
-
Економија 03.11.2015 14:55
Интензивно се гради: Завршени 30% од автопатот Миладиновци- Штип
Мостот на реката Пчиња е еден од поголемите објекти на автопатската делница Миладиновци- Штип. На неа работат повеќе од 800 градежни работници и механизација од околу 320 машини и камиони.
-
Економија 03.11.2015 12:58
Растат странските директни инвестиции во Македонија
Во периодот јануари- август годинава странските директни инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра. Статистиката покажува раст за шест проценти, односно 8,7 милиони евра во однос на истиот период лани.
-
Економија 03.11.2015 10:12
Над 100.000 посетители на саемот „Купи куќа, купи стан“
Над 100 илјади грaѓани го посетиле саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржа од 29 октомври до 1 ноември, покажуваат податоците на Скопје Сити Мол. Согласно пиплкаунтерите, дневно во просек имало по 25.000 посетители.
-
Економија 02.11.2015 16:04
Континуиран раст на осигурителниот сектор
Македонскиот осигурителен сектор континуирано расте во сите сегменти. Во 2015-та е остварена вкупна позитива од 6,1 процент – покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија. Осигирутелните компании нижат профити, се зголемуиваат и премиите.
-
Економија 02.11.2015 15:06
Сојузот на синдикати со кампања против работа на црно
Земјоделството, градежништвото, угостителството, услужните дејности процентуално заземаат најголемо учество во сивата економија. Меѓу работниците во оваа сфера има и студенти и пензионери. Според податоците, како сезонски работници најмногу има млади од 15 до 30 години.
-
Економија 02.11.2015 13:18
Ставрески: Раст на осигурувањата во земјоделството од 63 отсто
Расте бројот на издадени полиси за осигурување во земјоделството. Податоците покажуваат дека земјоделците имаат склучено 3.784 договори за осигурување на своите посеви, на кои пак Владата им покрива 60 проценти од трошоците.
-
Економија 02.11.2015 12:46
Горивата поевтинуваат за денар
Цените на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 62, а Еуросуперот БС-98 ќе се продава за 64 денари за литар. Еуродизелот ќе чини 49,5 денари.
-
Економија 02.11.2015 12:28
1,3 милиони евра за македонските иноватори
Новата технологија си го прави своето. Компјутерите и останатите алатки помагаат, но сепак иновативната креативност останува на творецот.
-
Економија 02.11.2015 11:09
Кампања на ССМ против сивата економија
Сојузот на синдикатите на Mакедонија ја промовира кампањата „Приклучи се и кажи стоп за сивата економија, кажи стоп за непријавената работа“.









