Фирмите во Македонија плаќаат три пати понизок данок и извезуваат три пати побрзо од европските земји. Светска банка во најновиот „Дуинг бизнис“ извештај со потврда за добрата деловна клима. Во земјава брзо се отвора фирма, трговијата е олеснета, процедурите се поедноставени.
-
Економија 29.10.2015 16:16
-
Економија 29.10.2015 15:04
Ставрески: Рангирањето на „Дуинг Бизнис“ резултат на спроведените реформи
Според најновиот извештај на „Дуинг бизнис“, Македонија е 6-та во Европа, а 12-та во конкуренција на 189 држави. Според вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, ваквото рангирање е резултат на посветеноста на работата и на спроведените реформи.
-
Економија 29.10.2015 14:32
Пешевски: Над 500 домашни компании соработуваат со странските инвеститори
Над 500 македонски компании имаат директна соработка и бенефит од отворените производствени капацитети на странските инвеститори, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
-
Економија 29.10.2015 13:36
Ниските камати – поттик за инвеститорите на Берзата
Ниските камати на штедните влогови се мотивација за граѓаните, вишокот пари да го вложат на Берзата.
-
Економија 29.10.2015 13:30
Груевски: Наскоро договор со Костал, фабриката ќе се гради идната година
Во наредниот месец и половина треба да биде потпишан договор со германската „Костал“. Фабриката ќе почне да се гради во првиот квартал од идната година, најави премиерот Груевски. Кон крајот на мај или почетокот на јуни треба да биде завршена фабриката на „ОДВ Електрик“.
-
Економија 29.10.2015 12:36
Дојче Банк ќе крати 15 илјади работни места
Дојче Банк најави кратење на 15 илјади работни места, од кои 4.000 во Германија, откако објави загуба и во третиот квартал од 6 милијарди евра.
Во наредните две години банката ќе продаде и бизниси во кои се вработени околу 20 илјади луѓе.
-
Економија 29.10.2015 10:28
Почнува саемот „Купи куќа, купи стан“
Саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од денеска до 1 ноември во Скопје сити мол. Заинтересираните граѓани ќе може да се информираат за поволностите што ги нуди владиниот проект, а присутни ќе бидат над 20 градежни компании и банки кои учествуваат во проектот.
-
Економија 28.10.2015 17:57
Потврда за реформите: Македонија со најдобро рангирање на „Дуинг бизнис“ досега
Први во регионот, 6-ти во Европа пред 24 земји – членки на Унијата, 12-ти од 189 држави во светот. Светска банка во најновиот извештај високо ја позиционираше Македонија во рангирањето за деловната клима, како исклучително поволна дестинација за правење бизнис.
-
Економија 28.10.2015 17:05
Пакет мерки за подобрување на деловната клима
Пониски каматни стапки на наменските кредити за стимулација на приватниот бизнис, повеќе пари за жени претприемачи. На адреса на владата- нов пакет мерки од Сојузот на комори за подобрување на бизнис климата.
-
Економија 28.10.2015 16:25
Полесно до сопствен дом со „Купи куќа, купи стан“
Повеќе од 650 решенија за проектот „Купи куќа, купи стан“ додели Министерството за финансии. Скопјанецот Марјан Димовски во април доби позитивен одговор на апликацијата за субвенциониран стан. Неколку месеци подоцна се всели во својот дом.










