• Економија 22.09.2015 08:40

    Почнува изградбата на фабриката на „ОДВ-Електрик“ во ТИРЗ Струга

    Германската компанија „ОДВ-Електрик“ почнува со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево.

    Со оваа инвестиција на германската компанија се очекува да се отворат околу 1.000 работни места.

  • Економија 21.09.2015 17:15

    Свети Николе- нова бизнис дестинација за странските инвеститори

    Со новиот автопат од Скопје до Штип ќе се стасува за дваесетина минути. Новиот пат кој интензивно се гради, треба да биде готов во мај 2017-та. Модерната инфраструктура треба да го направи Свети Николе идна дестинација за странските инвеститори.

  • Економија 21.09.2015 16:02

    25 милиони евра за капитални проекти во општините во 2016-та

    Изградба на улици, каналализација, водоводи, училишта, градинки, разна инфраструктура. На општините во земјава им се ставени на располагање пари од Светска банка за подобрување на инфраструктурата на локално ниво.

  • Економија 21.09.2015 14:49

    Компаниите бараат да се зголеми поддршката за бизнисот преку МБПР

    Компаниите бараат повеќе пари за развој на бизнисот. Од Стопанската комора сметаат дека е потребно зголемување на капиталната база на 60 милиони евра на Македонската банка за поддршка на развојот, како и зголемување на нејзината надлежност за финансирање одредени проекти.

  • Економија 21.09.2015 12:54

    Повисоки цени на горивата од полноќ

    Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми малопродажните цените на дериватите во просек за 2,32%. Причина за оваа корекција се зголемените берзански цени на суровата нафта во последните 14 дена за 2,45% и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

  • Економија 21.09.2015 11:02

    Министерот Ставрески во посета на Свети Николе

    Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе оствари работна посета на општина Свети Николе.

  • Економија 21.09.2015 10:32

    Расте интересот за кредитирање

    Ненаменски, станбени, потрошувачки кредити, интересот за кредитирање се зголемува и кај населението и кај компаниите. Растот споредено со лани е зголемен за околу 10 до 15 проценти велат, банкарите.

  • Економија 20.09.2015 09:50

    30 милиони евра евтини пари на располагање на домашните фирми

    Домашните компании имаат можност до крајот на годинава да искористат средства во износ од 30 милиони евра преку поволната кредитна линија од Македонска банка за поддршка на развојот со субвенционирана камата, којашто не е поголема од 5,5 отсто, најави премиерот Никола Груевски.
  • Економија 18.09.2015 16:37

    Здружување во кластери за поконкурентна економија

    Работодавачите бараат институциите да го поттикнат кластерското здружување, да влијаат во креирање на овие политики за поконкурентна економија. Соработката меѓу компаниите, преку понуда на заеднички производ со повисоки вредности или здружен настап на пазарите, ќе ги пробие извозните бариери.

  • Економија 18.09.2015 16:06

    Железничките станици добиваат модерен лик

    За неколку месеци железничките станици во земјава ќе добијат сосема нов, модерен изглед. Се следи темпото на капиталните инвестициски зафати во железничкиот сообраќај, односно набавката на модерни транспортни вагони, современи патнички гарнитури, купувањето нови влечни средства.

Pages