Присуството на европските компании го подобрува квалитетот на работењето, се воведуваат нови технологии и знаења и поефикасно корпоративно управување, вели премиерот Груевски. Македонија одржува макроекономска стабилност со ниска стапка на инфлација.
-
Економија 13.11.2014 19:43
-
Економија 13.11.2014 17:47
Без застанување, само со намалена брзина ќе се минува низ патарините
За година ипол електронски систем ќе биде поставен на патарините. Возачите ќе ги минуваат без застанување со бесконтактни смарт картички и преку микробранови транспордери. Ќе треба само да ја намалат брзината за да ги регистрира системот.
-
Економија 13.11.2014 16:03
Објавен оглас за консултант за национален авиопревозник
Министерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска компанија што ќе изработи физибилити студија за можноста за формирање редовен национален авиопревозник во Република Македонија.
-
Економија 13.11.2014 15:48
УЈП: Неправилности со фискализацијата во 58 објекти
Управата за јавни приходи во заедничките контроли со МВР и Државниот пазарен инспекторат од 4 до 12 ноември контролираа 150 објекти од кои неправилности во делот на фискализацијата се утврдени во 58.
-
Економија 13.11.2014 15:14
Груевски: Напорите за придвижување кон ЕУ и НАТО им даваат сигурност на странските инвеститори
Македонската економија е интегрирана со европската, го следи и практикува нејзиното законодавство.
-
Економија 13.11.2014 14:21
Ставрески: Ќе има сериозни инвестиции за Коридорот 8
Коридорот 8 претставува еден од стратешките приоритети во транспортната инфаструктура за следниот среднорочен период и во таа насока планираме да вложиме сериозен износ средства, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи н
-
Економија 13.11.2014 13:24
1,1 милијарда евра за развој на земјоделството до 2020-та
1,1 милијарда евра се предвидени за развој на земјоделството со нацрт- стратегијата за периодот од 2014-та до 2020-та година.
Приоритет му се дава на кофинансирањето на проекти на земјоделските задруги и на индивидуалните земјоделци.
-
Економија 13.11.2014 10:37
Договор за модернизација и електронска наплата на патарините
Турската компанија „Аселсан“ за 18 месеци треба да инсталира електронски систем за наплата на патна такса во државава и да ги модернизира патарините долж Коридорот 10.
-
Економија 12.11.2014 19:54
Ристовски: Владата прави многу во привлекувањето на странските инвеститори
Ефикасно законодавство, поедноставени процедури за основање на компанија, ефикасен катастар, добра инфраструктура и високо образован кадар води кон успешна економија вели директорот на Европската бизнис асоцијација Димитар Ристовски.
-
Економија 12.11.2014 17:11
Владата ги укина царинските давачки за индустриската пиперка
Се укинува увозната давачка за индустриската пиперка, а се намалува за половина за доматното пире. Владата го прифати барањето на преработувачите. До 31 декември тие ќе може да увезат 2,000 тони пипер до кога важи привремениот увоз.










