Денеска се изврши исплата на директни плаќања за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи, информираат од Министерството за земјоделство. Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 корисник.
-
Економија 03.05.2025 18:04
-
Економија 03.05.2025 16:47
И вториот полски тур-оператор ги откажа летовите до Охрид
И „Рего Бис“ нема да лета до Охрид. По откажувањето на најголемиот полски тур-оператор „Реинбоу“, и покрај покачувањето на субвенциите за полските туристи на 65 евра по лице од страна на државата, и „Рего Бис“ ја донесе истата одлука.
-
Економија 02.05.2025 18:09
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
Народната банка традиционално, по повод денот на монетарната самостојност, ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.
-
Економија 02.05.2025 16:55
Од денеска трговците можат да ги формираат цените, заврши ограничувањето на маржите од 5%
Лебот, млекото, јајцата, брашното, јогуртот, маслото за јадење од сега ќе се продаваат без ограничени маржи. Заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари.
-
Економија 02.05.2025 16:41
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени
За 4,7 отсто е намален јавниот долг во првиот квартал од годинава, од 62,4 проценти од БДП на 57,7. Намалување бележи и државниот долг, сега изнесува 50,1 отсто, според податоците на Министерството за финансии. Ова е најниско ниво на долгот во последните пет години.
-
Економија 02.05.2025 13:16
Трговците ги формираат новите цени
За 1 Мај не работеа, ама од денеска трговците слободно можат да ги формираат цените, откако заврши ограничувањето на маржите од 5% со кои се продаваа млекото, лебот, брашното, јајцата, маслото, јогуртот и другите производи опфатени во 102 групи производи, или над 1.000 артикли.
-
Економија 02.05.2025 13:11
Јавниот долг намален за 4,7 отсто
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од бруто домашниот производ. Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Намалување има и на државниот долг кој изнесува 50,1 процент.
-
Економија 02.05.2025 12:14
Субвенции за струја за ранливи домаќинства: Обработени 745 апликации, следи исплата
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
-
Економија 02.05.2025 11:52
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 п.п.
-
Економија 01.05.2025 13:17
Се кршат работничките права
Македонија е држава со најмала минимална и просечна плата во регионот. Имаме солиден закон за работни односи, но неговата имплементација потфрла, велат од Гласниот синдикат.










