Климатските промени и сушата удрија по родот годинава. Граѓаните се жалат, родот не е со ист квалитет, а цените се високи. Дали годинава ќе има доволно за потребите на домашниот пазар или ќе мора да увезуваме пиперки за ајвар.
Климатските промени и сушата удрија по родот годинава. Граѓаните се жалат, родот не е со ист квалитет, а цените се високи. Дали годинава ќе има доволно за потребите на домашниот пазар или ќе мора да увезуваме пиперки за ајвар.
Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Доненско го зголемил производството. Очекувал 5 тони род, но поради сушата, задоволен ќе биде ако собере 3 тони тутун.
Се следат цените откако завршија мерките и се прави анализа за колку ги зголемиле некои правни субјекти, ќе се искористат сите законски можности за нивно санкционирање – велат надлежните. Се подготвува и „Училишна кошничка“ во која ќе биде опфатен училишниот прибор.
Управата за јавни приходи по основ на даноци и социјални придонеси наплатила речиси 37,4 милини евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година.
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата што ќе важат од полноќ. Бензините поскапуваат за денар, па така, литар Еуросупер бс-95 ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.
Во очекување на откупот на ориз за стоковите резерви, оризопроизводителите се загрижени бидејќи владината уредба ги ограничува со откуп на 800 килограми по декар. Од Националната земјоделска мрежа бараат да се земе предвид произведената количина, а непријавените земјоделски површини.
„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра! По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница.
Македонската влада е задоволна од намалувањето на царинските давачки за извоз во соединетите американски држави од 33 на 15%. Сепак, ова не е завршна фаза, став на премиерот Христијан Мицкоски.
Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од: Франција, Германија и Велика Британија.