Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.
-
Економија 20.08.2026 17:13
-
Економија 20.08.2026 17:00
Власта ги брани економските политики, опозицијата критикува
Буџетот не е во лоша кондиција, но нема за сè, вели министерката за финансии Кочоска, според која во изминатите години се преземале доста мерки како што се намалување на ДДВ за нафтени деривати, растот на платите и пензиите.
-
Економија 20.08.2026 14:37
Рекордни над 31 милион евра од патарини до јуни
Од наплата на патарини во првите шест месеци годинава се собрани рекордни 1.919.775.277 денари, односно над 31 милион евра, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА.
Во споредба со истиот период во 2025 година, приходите се зголемени за 21.891.532 денари.
-
Економија 20.08.2026 12:56
Во вторник на Влада ќе се одлучува за училишната кошничка
Во вторник на Влада ќе се одлучува за „училишната кошничка“. Денеска во Министерството за економија средба на трговците на големо и мало за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на годинава.
-
Економија 20.08.2026 11:51
Синдикалната кошница во август 68.675 денари
За основните месечни потреби на едно домаќинство во август се потребни 68.675 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Во споредба со јули, кошницата е зголемена за 177 денари.
-
Економија 17.08.2026 15:39
ЕСМ договори тригодишно снабдување со јаглен од Косово
АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци.
-
Економија 17.08.2026 14:31
Министерот Велковски ги потпиша договорите за грант за развој на социјални услуги со девет општини
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.
-
Економија 17.08.2026 13:08
Повисоки цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, по растот на референтните цени на светскиот пазар.
-
Економија 17.08.2026 12:37
МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа.
-
Економија 16.08.2026 17:06
Забрзана изградба на нови автопатишта
6 делници, стотина километри нови автопатишта. Премиерот Мицкоски ја соопшти динамиката за изградба на новите делници. За 10 дена ќе почне градбата на автопатот Скопје-Блаце. Завршени се сите процедури, избран е надзорот, изведувач ќе биде домашна компанија.










