Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец. Консултирани се стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата на потрошувачи.
-
Економија 23.11.2024 16:40
-
Економија 23.11.2024 14:40
Во Собранието расправа за државната каса за 2025 година
Во прилично напната атмосфера продолжи комисиската расправа за предлог-буџетот за 2025 година. Тој за власта е развоен и домаќински, за опозицијата нереален и расипнички.
-
Економија 22.11.2024 17:53
Саем во Белград, средби со Вучевиќ и Вучиќ
Премиерот Mицкоски во дводневна посета на Србија. Почна меѓународниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“. Шефот на владата на средби со српскиот колега Вучевиќ и со претседателот Вучиќ.
Анита Димитријевска-Велковска и Сунчица Николоска известуваат од Белград.
-
Економија 22.11.2024 16:22
Продолжуваат преговорите со банките за парите од унгарскиот кредит
Министерката за финансии на тет-а-тет средба со претставници на секоја банка посебно за унгарскиот кредит. Се прават последните анализи за да се додефинираат работите околу каматата по која стопанството ќе ги добие парите, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска.
-
Економија 22.11.2024 16:03
Јавниот долг на крајот на годинава ќе достигне 62,7 проценти
Висината на јавниот долг, согласно последните пресметки на крајот на 2024 година ќе биде 62,7 проценти од БДП, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
-
Економија 22.11.2024 13:25
Се преговара со банките за каматата
Сѐ уште траат преговорите со банкарите за каматата на парите од унгарскиот заем за компаниите. Сите се согласни дека освен средства, за повисок економски раст на земјава ѝ се потребни структурни реформи.
Известува Борис Грујоски
-
Економија 22.11.2024 10:21
Инженерите – клучни партнери за енергетската иднина на Македонија
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ.
-
Економија 22.11.2024 08:39
Панел-дискусија „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“
Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи Панел-дискусијата „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“.
Панел-дискусијата се одржува по повод Денот на даночните работници – „29-ти боември, Св. Матеј“, стои во соопштението од Управата за јавни приходи.
-
Економија 22.11.2024 08:31
Дополнителни пари за пчеларите
Одгледувачите на пчелни семејства, вклучени во селекција за производство на пчелни матици, можат да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања.
-
Економија 21.11.2024 15:57
Просечната нето плата во септември 41.585 денари
Нето платата во септември е зголемена за 9,8 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во септември просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 41.585 денари.










