Зимувањето станува луксуз. Граѓаните се жалат дека немаат пари, а туристичките агенции потврдуваат слаб интерес.
Како опција за бегство од загадениот воздух на граѓаните им се нудат ски центри и планините. Но, интересот за зимскиот туризам опаѓа.
Зимувањето станува луксуз. Граѓаните се жалат дека немаат пари, а туристичките агенции потврдуваат слаб интерес.
Како опција за бегство од загадениот воздух на граѓаните им се нудат ски центри и планините. Но, интересот за зимскиот туризам опаѓа.
Во новата година почна примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики. Предвидени се глоби и до 20 илјади евра. Треба да се ограничат и дополнителните трошоци. Известува Викторија Милевска.
Место кеш, граѓаните се повеќе користат платежни картички и електронско банкарство – покажуваат податоците на Народна банка. Во третиот квартал од минатата година бројот на трансакции со картички пораснал за над 10 проценти, а вредноста на трансакциите за повеќе 13.
На својот ФБ профил вели дека крајот на годината и почетокот на Новата е време кога гледаме зад нас што сме направиле и на што сме ја потрошиле нашата енергија и какви очекувања имаме за Новата година.
2024 помина во знакот на економско заздравување од ковид-кризата и последиците од геополитичките случувања што влијаеја и на отворените економии како нашата. Тројното намалување на инфлацијата кон крајот на годинава споредено со онаа на почетокот граѓаните речиси не го почувствуваа.
Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: Гази Баба, Струмица, Пехчево, Кисела Вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.
Парцелите се со големина од над 3 хектари.
Бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помал за четири отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
По тримесечните опомени КЗК од Нова година ќе санкционира ако не се почитува Законот за нефер трговски практики.
Покачување на минималната плата ќе има од март. Од Нова година инспекциските контроли ќе казнуваат за непочитување на Законот за нефер трговски практики. На што ќе биде ставен фокусот на економски план в година, ќе има ли и мерки за поддршка на нови вработувања?
Веќе две години студентката Марија Велкова од Струмица изработува декоративни мирисливи свеќници. Користи органски восок. Идејата за ваков бизнис за кој планира да отвори и продавница ја добила од ТикТок.