Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра.
-
Економија 02.06.2026 14:50
-
Економија 02.06.2026 13:42
Презентиран оперативниот план за вработување
Презентиран оперативниот план за вработување за 2026-та година. Ги опфаќа мерките и активностите насочени кон зголемување на вработеноста и поддршка на пазарот на трудот.
Ана Јосифоска известува од Владата.
-
Економија 02.06.2026 13:30
Владата очекува раст на БДП до 3,5 %
Премиерот Мицкоски тврди дека во мандатот на оваа влада се отворени 17 илјади нови работи места. Тој очекува растот на БДП да се движи околу 3,5 проценти со што, според него, Македонија по растот како процент од БДП ќе биде меѓу првите три во Европа.
-
Економија 02.06.2026 10:46
Најголема потреба за работници има во угостителството
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2,07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.
-
Економија 01.06.2026 21:07
МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027 – 2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив
Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027 – 2029, со изгледи до 2031 година.
-
Економија 01.06.2026 16:11
НБРМ ги повика банките да се откажат од најавеното покачување на надоместоците на платниот промет
Народна банка на Македонија ги повика деловните банки во најкус можен рок да се откажат од речиси двоцифреното покачување на надоместоците на платниот промет за граѓаните и бизнис-заедницата.
-
Економија 01.06.2026 14:42
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата, кои ќе стапат во сила од полноќ. Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар.
-
Економија 01.06.2026 12:32
Девизните резерви 5,2 милијарди евра
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра, информираат од Народната банка.
-
Економија 01.06.2026 09:44
Продолжена мерката за намалување на акцизите, се очекува пониска цена на горивата
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15-ти јуни. По разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „Окта“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе почне да се применува од денеска.
-
Економија 31.05.2026 19:41
Уште една неизвесна сезона за пчеларите, мразот ги уништи приносите
Уште една неизвесна сезона за пчеларите. Пролетниот мраз направи големи штети врз багремот, кој е значаен за вкупниот принос на мед. Погледите повторно им се насочени кон временската прогноза.









